Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрон удри во детски парк во Харков – меѓу загинатите се едногодишно бебе и нејзината мајка
    • Времето вечерва: УХМР ги објави температурите во 20 часот
    • Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија
    • Откриена нелегална фабрика за цигари, 34 работници биле држени во заложништво во Словенија
    • Апсења во повеќе градови во Македонија
    • Следната недела доаѓа голем празник
    • Најавен полициски час во Франција
    • Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Меџити: Започнуваме заедничка платформа за превенција на врсничкото насилство во училиштата во Чаир

    Меџити: Започнуваме заедничка платформа за превенција на врсничкото насилство во училиштата во Чаир

    03.09.2026 во 16:471 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека Општината започна со конкретни чекори за создавање заедничка платформа за превенција и справување со врсничкото насилство во училиштата во Чаир.

    Платформата ќе ги обедини Општината, училиштата, психолозите и стручните служби, наставниците и родителите, со цел да се воспостави координиран и долгорочен пристап. Во нејзини рамки се предвидуваат едукативни активности, директна работа со учениците и родителите, како и зајакнување на механизмите за превенција, навремено препознавање и справување со случаите на насилство.

    „Безбедноста и благосостојбата на нашите деца бараат многу повеќе од реакција по одреден инцидент. Потребни се превенција, едукација и заедничко дејствување. Сакаме да дејствуваме пред да се случи насилството, а не само да реагираме на неговите последици. Секое дете има право да се чувствува безбедно, почитувано и заштитено во своето училиште, а одговорноста за тоа е заедничка“, изјави Меџити.

    Општина Чаир преку оваа платформа има за цел да воспостави покоординиран систем меѓу сите вклучени страни, ставајќи ги превенцијата, безбедноста и благосостојбата на децата во центарот на институционалното дејствување.

    Прочитај повеќе

    Сабајле уште во 8 часот ќе снема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    19.10.2026 во 17:49

    (ФОТО) Ѓорѓиевски: Зоолошката градина во Скопје се модернизира

    19.10.2026 во 16:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.