Close Menu
Press24
    Најново

    Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила

    03.09.2026 во 12:36

    Познатиот доктор Игор застрелан пред клиниката за ин витро оплодување: Вооружен човек испукал 20 куршуми

    03.09.2026 во 16:23

    (ФОТО) Мицкоски на промоција на комуналната опрема: За 26 месеци се изборивме со распаднатите институции и ја задвиживме државата

    03.09.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Македонија губи време
    • УХМР со прогноза: Сончево и топло време до средината на идната недела
    • Ферати – Солстром: Посилна соработка за младите, бизнисите и дијалогот меѓу заедниците
    • Филипче: Држава не се води со суети и лажен патриотизам
    • Филипче: Уште од независноста за Глигоров Европа беше национална цел
    • Почина новинарката Глорија Стајнем, иконата на борбата за правата на жените
    • Кац: Доколку биде нападнат Израел нема да ја поштеди иранската енергетска инфраструктура, ќе го вратиме во камена ера
    • Сибиха: Украина се надева на „нова динамика“ во мировните напори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Македонија губи време

    Филипче: Македонија губи време

    04.09.2026 во 09:003 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Македонија губи време, а со изгубеното време ги губи и генерациите. Најскапото нешто во еден човечки живот е токму изгубеното време“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на свечениот настан по повод 35 години независност на Македонија, во Македонската филхармонија.

    Филипче посочи дека Македонија веќе предолго стои во место и дека додека соседите напредуваат на европскиот пат, државата губи драгоцено време и можности.

    „Албанија до крајот на 2025 година ги отвори сите 33 преговарачки поглавја, а во јули оваа година започна и со нивно затворање. Црна Гора до 14 јули имаше 18 привремено затворени поглавја. Македонија, која некогаш беше пред нив на европскиот пат, сè уште чека да го отвори првиот кластер. Тоа е факт од кој нема засолниште во патриотска реторика. Можете секој ден да објаснувате дека сте победиле со тоа што не сте направиле ништо. Граѓанинот на крајот ќе види кој се движи напред, а кој стои во место, или назадува“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Филипче нагласи дека времето поминато без суштински реформи и без напредок кон Европската Унија не е само политичка статистика, туку директна загуба за државата и нејзините граѓани.

    „Власта две години ја уверува јавноста дека ќе издејствува нови услови, нова формула, подобра преговарачка позиција. Европската позиција во јуни 2026 година остана недвосмислена. Во меѓувреме соседите отвораат и затвораат поглавја. Тоа не се само поглавја. Тоа се успешни и тешки реформи кои најчесто не се популарни. Тоа веќе не е дипломатска тактика. Тоа е изгубено време. Најскапото нешто во еден човечки живот. Македонија има потрошено премногу генерации на изгубено време“, рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ порача дека европските интеграции се најголем државен интерес и дека за нив не се потребни декларации и политичка реторика, туку конкретни одлуки и работа.

    „Европските интеграции не му припаѓаат на СДСМ. Не му припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ. Не му припаѓаат на ниеден претседател, премиер или министер. Тоа е најголем државен интерес. Не е доволно тоа само реторички да се нагласува, а ништо да не се прави да се стаса до целта. Зад поглавјата стојат судови што треба да судат независно. Администрација што треба да му служи на граѓанинот. Почиста животна средина. Побезбедна храна. Подобри патишта. Поголема конкурентност на фирмите. Повеќе европски пари за училиштата, инфраструктурата, енергетиката и дигитализацијата.

    Тоа е наједноставната формула на европскиот процес. Реформа, резултат, средства, подобар живот“, потенцираше Филипче.

    Филипче порача дека Македонија нема повеќе време за нови одложувања и нови изгубени децении.

    „Последното големо поглавје сè уште не е завршено. Нашата генерација треба да ја заврши работата. Без нови изгубени децении. Без производство на предавници за секој тежок компромис. Без лажен патриотизам кој е најгласен пред камерите, а немоќен и кукавички кога треба да се донесе резултат.  Без свечености со кои ќе си докажуваме колку сме успешни додека нашите деца го бараат успехот во други држави. Пред 35 години граѓаните ја избраа независноста. Нашата задача денес е таа независност да има содржина. Добар живот. Праведно општество. Функционална држава. Сигурна иднина. Европска Македонија. Така ќе му оддадеме почит на Киро Глигоров. Не само со филм. Туку со завршена работа“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Држава не се води со суети и лажен патриотизам

    03.09.2026 во 23:00

    Венко Филипче: Киро Глигоров не е доволно вреднуван во овие 35 години независност

    03.09.2026 во 20:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.