Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тензично судење за „Пулс“: Вештакот на одбраната вели дека во објектот имало три влезови и излези, но не за евакуација
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски: Зоолошката градина во Скопје се модернизира
    • ДИК со официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2.945 гласа, втор Јахиј од НАИ со 2.152 гласа, течат роковите за приговори
    • Започна реконструкција на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
    • Лафчиски: Технологијата ја движи револуцијата во војувањето, но адаптацијата ја носи победата
    • Макрон: Ако е неопходно, ќе ги забранам протестите
    • Мицевска: Горан Бетон Герасимовски, каде е зеленилото во Центар?
    • Деца по полноќ си седеле во кафуле: Полицајците ги собраа и им ги предадоа на родителите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Проектот „Градски воз“ стартува утре, во среда официјално ќе го промовираат Мицкоски и Николоски

    Проектот „Градски воз“ стартува утре, во среда официјално ќе го промовираат Мицкоски и Николоски

    31.08.2026 во 14:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од утре, 1 септември, официјално започнува со работа првата линија од новиот проект „Градски воз“, додека официјалната промоција ќе се одржи во среда (2 септември) со почеток во 11:00 часот, информираат од Министерството за транспорт.

    На официјалното пуштање во употреба најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорите на ЈП МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт, Синиша Ивановски и Дејан Кошутиќ, како и градоначалниците на Скопје, Зелениково, Кисела Вода и Аеродром.

    Симболичниот почеток ќе биде одбележан со патување на сите присутни со воз од железничката станица Зелениково до Новата железничка станица во Скопје.

    Првата линија што влегува во функција ќе сообраќа на релацијата Зелениково – Ново Зелениково – Орешани – Јане Сандански – Драчево – Лисиче до Нова железничка станица Скопје. Сообраќајот ќе се реализира со три возови дневно според возен ред утврден од МЖ Транспорт, а пред нејзиното пуштање беше извршена целосна реконструкција на пругата за зголемување на брзината на движење.

    Според ресорното министерство, проектот има за цел да овозможи побрз, поефикасен и поевтин јавен градски превоз за граѓаните од периферните и централните делови на градот, а истиот е интегриран и со редот на возење на ЈСП Скопје.

    Од Министерството за транспорт информираат дека паралелно се работи и на проектирање на преостанатите две линии – втората линија од Нова железничка станица преку Бутел и Скопје-Север до Ѓорче Петров, како и третата линија од Нова железничка станица преку Автокоманда и Маџари до Општина Илинден.

    Прочитај повеќе

    Тензично судење за „Пулс“: Вештакот на одбраната вели дека во објектот имало три влезови и излези, но не за евакуација

    19.10.2026 во 16:17

    (ФОТО) Ѓорѓиевски: Зоолошката градина во Скопје се модернизира

    19.10.2026 во 16:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.