Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски до Филипче: Ние го враќаме тоа што вие го распродадовте

    29.10.2026 во 12:50

    Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани

    29.10.2026 во 12:41

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    29.10.2026 во 12:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски до Филипче: Ние го враќаме тоа што вие го распродадовте
    • Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
    • Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Чаир и Универзитетот „Мајка Тереза“ со соработка за здравјето и развојот на учениците

    Општина Чаир и Универзитетот „Мајка Тереза“ со соработка за здравјето и развојот на учениците

    02.09.2026 во 17:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, потпиша меморандум за соработка меѓу Општина Чаир и Универзитетот „Мајка Тереза“, со цел обединување на професионалната експертиза и институционалните капацитети во функција на здравјето и правилниот развој на децата.

    Во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, во основните училишта во општината ќе се организираат предавања и стручни активности за учениците, со фокус на правилното држење на телото, правилното носење на училишната чанта и важноста на физичката активност за нивното здравје и развој.

    „Сакаме грижата за здравјето на децата да започне пред да се појави проблемот. Покрај знаењето што го стекнуваат во училишните клупи, важно е децата да научат и како да се грижат за себе и за своето здравје додека растат. Преку соработката со Универзитетот ‘Мајка Тереза’, стручното знаење го носиме директно во нашите училишта, бидејќи најдобрата инвестиција во здравјето е онаа што се прави навреме“, изјави Меџити.

    Преку оваа соработка се цели кон зајакнување на едукацијата и свеста кај учениците за важноста на грижата за здравјето уште од најрана возраст, ставајќи ги превенцијата и благосостојбата на децата во центарот на активностите.

    Прочитај повеќе

    Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја

    29.10.2026 во 09:21

    Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите

    29.10.2026 во 08:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.