Сообраќајна несреќа се случи вечерва пред зградата на Собранието во Скопје, дознава Пресс24.

На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полициски службеници.

Засега нема информации за причините и околностите под кои дошло до сообраќајната несреќа.
Полицијата врши увид на местото на настанот.


