- По трагедијата на Охридското Езеро: Градоначалникот на Струга бара забрана за педалинки и поголема безбедност на плажите
- Вонредно метео-предупредување од УХМР: Невреме во беровско и мавровско, пороен дожд и силен ветер
- Потпишан грант со Светска банка: Започнуваат подготовките за новата гасна централа во РЕК Битола од 200 милиони евра
- Владата го изгласа „One Stop Shop“ со Албанија, прво ќе се применува на Ќафасан
- Измени во законот: Секој граѓанин кај матичниот лекар ќе се изјаснува дали донира органи по смртта
- По пробивот на британскиот пазар, Реплек ги претстави своите капацитети и развојни планови пред амбасадорот Метју Лосон
- ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски не може да се помири со поразот во Карпош, стана болен кога треба да се соочи со правдата
- Започна да врне во делови од Македонија
Author: Author 04
Македонските возачи кои летово планираат да патуваат кон Грција мора сериозно да го проверат опремувањето на своите автомобили. Со стапувањето во сила на новиот Закон за сообраќај, нашиот јужен сосед воведува радикални измени и строги правила, чие непочитување ќе ве чини скапо. Најголема промена е воведувањето на нов стандард за прва помош (DIN 13164:2022). Доколку вашиот сет не е во согласност со овој нов стандард, се соочувате со казна од 30 евра. Новиот комплет, кој мора да содржи 16 клучни артикли (вклучувајќи термо-ќебе, специјални облоги за изгореници и заштитни маски), чини околу 31 евро, што е значително поскапо од досегашните…
Овен: Време за градење темели Фокусот во наредниот период се префрла кон вашата финансиска стабилност и ресурсите што ги поседувате. По изминатиот активен период, сега е вистинското време да забавите и да размислите како да ја зацврстите вашата позиција. Вашата амбиција овој пат треба да биде насочена кон создавање долгорочна сигурност. Бик: Сонцето свети за вас – време е за нов почеток Со Сонцето во вашиот знак, се наоѓате во период кога сите очи се вперени во вас. Ова е вашиот момент за нов почеток, за поставување лични цели и за враќање на изгубената самодоверба. Искористете ја оваа енергија за…
Напорите на Народната банка, со поддршка од Светската банка (СБ), за зачленување на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), како и за успешно завршување на процесот за вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПA веќе даваат конкретни резултати преку поевтинување и унапредување на брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања во евра за граѓаните и за компаниите. Светската банка и натаму ќе ги поддржува активностите на Народната банка за интегрирање на нашиот финансиски систем во европските платни системи, а особено преку воспоставување платен систем за инстант плаќања и негово регионално поврзување со платните системи на земјите…
Со години, Министерството за правда се менуваше од едно албанско име во друго, но ништо не се промени. Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билен Салиу и Кренар Љога, од кои последниот заврши во скутот на Али Ахмети. Пет министри. Пет мандати. Пет можности да се исправи неправда. И сепак, студентите-албанци останаа без можност да полагаат правосуден испит на албански јазик, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Документот потпишан од Талат Џафери ја запечатува вистината за исклучувањето на албанскиот јазик од правосудниот испит. Уште полошо, овој закон беше донесен со бадентер, односно со гласовите на пратениците-албанци од тоа време. Сето…
Министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, денеска престојува во работна посета на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во рамки на агендата е предвидена тет-а-тет средба на Шакалиев со неговиот македонски домаќин, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. По приватната средба, ќе следи пленарен состанок на двете официјални делегации, на кој ќе се разговара за билатералните односи меѓу Скопје и Астана. Посебен акцент на разговорите ќе биде ставен на можностите за интензивирање на економската и трговската соработка. По официјалните разговори, министрите ќе одржат заедничка изјава за медиумите.
Со полициски пресретнувач санкциониран возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 км на час, возилото е одземено Вчера (19.04.2026) во 18:50 часот на патот Гостивар – Тетово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена беше брзина на движење на патничко возило ,,мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри…
Цените на нафтата денеска забележаа нагло зголемување, како директна последица на обновените тензии меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, пренесува новинската агенција ДПА. Нафтата од типот „брент“ за испорака во јуни се тргуваше за повеќе од 7 отсто повисоко во споредба со минатата недела, достигнувајќи цена од 97 долари за барел. Сличен тренд на поскапување забележа и американската референтна нафта „West Texas Intermediate“ (WTI). Овој раст е особено значаен ако се земе предвид состојбата на пазарот кон крајот на февруари, кога „брент“ се тргуваше под 70 долари за барел. Пазарите реагираат на влошувањето на односите меѓу Вашингтон и Техеран, кое…
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изврши целосен обиколка на теренот, придружуван од директорите на јавните претпријатија и вработените во градските сектори. Целта на оваа акција, како што наведува, е директно детектирање на тековните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, со цел нивно итно решавање. Според Ѓорѓиевски, пристапот кон работата мора да биде темелен, со прецизни рокови и јасна одговорност за секој сегмент. „Работата на терен е мојата природна средина, таму каде што сум најблиску до луѓето, меѓу мојот народ. Заедно со директорите на јавните претпријатија и вработените во секторите на градот, ја обиколивме целата територија за да се детектира секој проблем, па…
Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, преку социјалните мрежи сподели тажна вест за смртта на својата мајка. Јакимовски се прости од неа со емотивна објава, истакнувајќи ја нејзината улога во неговиот живот: „Господ е еден, но и мајка е една. Господ ги создава и ги благословува луѓето, а мајката ги раѓа. Имав мајка вредна злато. Велат дека Господ ги зема добрите за да Му служат“, напиша Јакимовски.
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека жичницата „Милениумски крст“ ќе биде надвор од функција во периодот од 21 април (вторник) до 24 април (петок). Привремениот прекин на работата е планиран поради вршење контрола на системот од страна на стручни тимови од австриската фирма „Допелмаер“ (Doppelmayr). Според најавите, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време почнувајќи од сабота, 25 април.
