Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Татко си го натепал синот и му нанел повреди – Приведен 39-годишен прилепчанец
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Тетовец санкциониран откако возел мотоцикл без возачка дозвола
    • Мицкоски: Правиме напори да поевтини струјата за граѓаните
    • Мицкоски: Ние ги затвораме, тие ги ослободуваат
    • Опожарен деловен објект на регионалниот пат Боговиње–Тетово
    • Завршил во болница и останал без мотоцикл – Гостиварчанец паднал од мотоцикл кој го возел без дозвола
    • Тепачка поради паркинг место во Пирок: Нападнат 24-годишник во автоперална
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Борозан: Дата-центри ќе ја црпат струјата и водата од Вардар за приватни профити

    Борозан: Дата-центри ќе ја црпат струјата и водата од Вардар за приватни профити

    27.08.2026 во 11:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зад грбот на граѓаните турка проекти за дата-центри кои можат директно да ги загрозат водата, струјата и македонското земјоделство, изјави Маја Борозан на денешната прес-конференција на СДСМ.

    Според неа, по Пехчево, една компанија веќе соопштила дека од Владата добила капацитет за струја од 100 мегавати и директен пристап до реката Вардар за ладење.

    „За ова владата нема ништо нема соопштено. Се прават дилови за профити додека се крие од јавноста какви обврски се преземаат и како овие проекти ќе влијаат врз природните, енергетските ресурси во државата и земјоделието“, изјави Борозан.

    Од СДСМ истакнуваат дека дата-центри трошат огромен капацитет на струја, што може да доведе до зголемен увоз од странство и дополнителни трошоци за граѓаните.

    „Што ќе значи ваквата потрошувачка за цената на струјата за граѓаните? Колку ќе ги чини? Кој гарантира дека граѓаните нема да плаќаат повисока цена за струјата за некој друг да прави огромни профити?“, прашуваат од опозициската партија.

    Покрај енергетскиот сектор, од партијата предупредуваат и на последиците врз земјоделството поради пренасочувањето на водните ресурси за ладење на овие капацитети.

    „Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода за наводнување заради дата-центрите? Земјоделскиот сектор и земјоделците се целосно запоставени, сега им следи нов удар поради тоа што водата ќе биде пренасочена за ладење на дата-центри?“, истакна Борозан.

    На крајот од прес-конференцијата беше порачано дека целиот процес се одвива без транспарентна постапка, со цел остварување профит на штета на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Велјановски: ЈО да истражи како се потрошени 4,6 милиони евра за провизии за железничкиот Коридор 8

    11.09.2026 во 11:22

    Кузеска: Мицкоски да објави каде завршиле 5-те милиони евра за прославата на 8 Септември

    11.09.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.