Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм
    • Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
    • Драма во Белгија: Уапсен 15-годишен ученик за лажна дојава за бомба и евакуација на 850 деца во Гент
    • Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци
    • Двајца загинати при руски напади врз бензински пумпи во Киев
    • ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори
    • ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
    • Мелони децидна: Италија мора сама да произведува повеќе нафта и гас за да ја намали увозтната зависност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » АХВ со засилен надзор за Западнонилска треска кај живината и дивите птици: Регистрирани два позитивни случаи во Скопје и Ресен

    АХВ со засилен надзор за Западнонилска треска кај живината и дивите птици: Регистрирани два позитивни случаи во Скопје и Ресен

    27.08.2026 во 12:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засили теренските активности за утврдување на епидемиолошката состојба со болеста Западнонилска треска кај живината. Активниот надзор се спроведува на целата територија на државата преку лабораториско тестирање на мостри земени од живина во селски стопанства, птици чувани во затворен простор и одгледувалишта на водени птици.

    Со надзорот се опфатени домашни птици од видовите кокошки, мисирки, фазани, еребици и ноеви, како и диви птици меѓу кои гуски, пајки, лебеди, штркови, соколи и други. Пасивниот надзор за птичји грип, кој се спроведува со пријавување на сомнеж и угинати птици, во моментов е проширен и се однесува и на Западнонилската треска.

    Од АХВ информираат дека корисниците на дивечот во ловиштата, зоолошките градини и националните паркови се должни да ја пријават секоја угината дива птица до ветеринарните служби. Истата обврска за пријавување на отстрелот ја имаат и ловните друштва за време на ловната сезона.

    Забележани се и првите позитивни случаи кај дивите птици по обработката на пристигнатите пријави од терен.

    „Во период од 24.08.2026 до 27.08.2026 пристигнати се повеќе од 100 пријави од граѓани, дел од пријавите се однесуваат на угинати птици, како што се врапчиња и други видови, кои не се соодветни за испитување за Западно нилска треска. Поради тоа, не секоја пријава може да резултира со земање примерок и лабораториско испитување. Од тестираните примероци, досега се добиени два позитивни лабораториски резултати – еден кај угината птица пронајдена на подрачјето на Скопје и еден кај птица пронајдена на подрачјето на Ресен“, соопштуваат од АХВ.

    Од Агенцијата апелираат до одгледувачите на живина да ги почитуваат мерките за биосигурност и да го ограничат контактот со диви птици. Граѓаните се советуваат да не создаваат паника при појава на поединечна угината птица, туку да известат доколку забележат поголем број угинати преселни птици на исто подрачје.

    Собирањето на угинатите птици во Скопје се врши во соработка со Град Скопје, додека во другите општини оваа активност ја спроведуваат официјалните ветеринари во соработка со локалните комунални претпријатија. По подигнувањето на соодветните примероци се врши нивно нештетно отстранување и дезинфекција на теренот.

    Прочитај повеќе

    Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм

    11.09.2026 во 20:54

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.