Author: Author 04

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а двајца под дејство на алкохол. По двајца возачи во Скопје и Тетово (еден малолетник) и по еден возач во Велес, Делчево и Кавадарци возеле без возачка дозвола. По еден возач во Тетово и Куманово управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не…

Повеќе

Според последните анализи на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од 15 април, Северна Македонија се наоѓа на третото место во Европа според обемот на мерки преземени како процент од БДП за справување со енергетската криза, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски. На прес-конференција, премиерот истакна дека Владата презема низа чекори за амортизација на ценовните шокови, кои, како што нагласи, се резултат на геополитичките случувања и кризите на светските пазари, а не на внатрешни политики.

Повеќе

Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи, соопшти МВР. Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше барањето на опозициската СДСМ за распишување локален референдум за отворање на рудникот за антимон во Крива Паланка, потенцирајќи дека иако правото на референдум е уставно загарантирано, самиот проект има големо стратешко значење за државата и локалниот регион. Мицкоски изрази изненадување од ставот на раководството на СДСМ, посочувајќи дека тој е во целосна спротивност со мислењето на нивниот градоначалник во Крива Паланка. Според премиерот, градоначалникот го поддржува овој проект, гледајќи во него можност за економски просперитет на крајот кој традиционално се потпира на рударството. „Овој проект е дел од стратешкото партнерство со САД и е делумно…

Повеќе

На денешната прес-конференција, премиерот Христијан Мицкоски соопшти добра вест за граѓаните и возачите. Цените на горивата утре ќе поевтинат, рече премиерот.Мицкоски очекува утре РКЕ да донесе одлука со која и бензинот и нафтата да поевтинат за околу 1,5 денари.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата на опозициската СДСМ дека Владата ангажирала странска приватна разузнавачка компанија со цел следење на опозициското раководство и фабрикување афери. Во својата изјава, премиерот ги оцени овие обвинувања како неосновани и порача дека фокусот на неговата работа останува на економските прашања. „Што се однесува до некакви компании за да го следат раководството на СДСМ, мислам дека таков тип на однесување од наша страна не постои. Тоа не е дел од мојот карактер, ниту имам намера да се занимавам со такви естрадни политики. Јас сум фокусиран на развојот на државата и подобри услови за живот…

Повеќе

На денешните предвремени парламентарни избори во соседна Бугарија, кои се одржуваат на 19 април 2026 година, забележан е значителен пад на интересот за гласање меѓу македонските државјани кои поседуваат и бугарско државјанство. Според официјалните податоци, за гласање се пријавиле вкупно 210 лица. Споредбата со претходните изборни циклуси укажува на тренд на опаѓање, со оглед на тоа што во 2022 година за гласање биле пријавени 461 лице, што значи дека бројот на пријавени е повеќе од преполовен. Дистрибуција на пријавените гласачи по градови: Иако пријавувањето беше овозможено однапред, избирачкото право може да се оствари и директно на избирачките места на денот…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на Анталија Дипломатскиот Форум оствари повеќе билатерални средби. Во рамки на активностите, министерот Муцунски се сретна со министерот за надворешни работи на Португалија, Пауло Рангел, министерот за надворешни работи на Косово, Глаук Коњуфца, директорот за Континентална Европа во Министерството за надворешни работи на Франција, Брис Рокфеј, како и со директорот за Западна Европа во Европската служба за надворешни работи, Емануеле Ѓауфрет. На средбата со португалскиот министер Рангел беше потврдено високото ниво на билатерални односи и беше изразена подготвеност за нивно понатамошно унапредување, со посебен акцент на евроинтегративниот процес, активната…

Повеќе

Утрово во 04:10 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар, малолетничка од Гостивар пријавила дека подолг временски период нејзиниот брат А.Н. ја вознемирувал со пораки со недолична содржина, а пред три месеци со употреба на сила врз неа извршил и полово дејствие.Малолетничката, исто така, пријавила дека и нејзиниот татко В.Н. физички ја малтретирал и ја принудувал да бара пари од нејзината баба. Малолетничката е предадено под грижа на Центарот за социјални работи Гостивар и во содејство со нив се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе

Во обид да се спречи метежот и потенцијалниот хаос на аеродромите со кои се соочуваат многу европски дестинации по стартот на новиот систем за влез и излез во ЕУ (EES), Грција донесе еднострана одлука за олеснување на процедурите за британските државјани. Според новите правила на Европската унија, сите патници кои доаѓаат од трети земји (надвор од ЕУ) се обврзани при влез да дадат отпечатоци од прсти и биометриски податоци за лицето, со што се создава дополнителен притисок врз граничните служби. Меѓутоа, Елени Скарвели, директорка на Грчката национална туристичка организација во Велика Британија, потврди дека носителите на британски пасоши ќе бидат…

Повеќе