Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Избувнаа 31 пожар – во Студеничани, Гостивар, Чашка и Струга се уште гори

    Избувнаа 31 пожар – во Студеничани, Гостивар, Чашка и Струга се уште гори

    27.08.2026 во 09:122 Mins Read
    ФОТО: ДЗС
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани утринава до 7:30 часот на територијата на државата. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), четири пожари се сè уште активни, три се ставени под контрола, додека 24 се целосно изгаснати.

    Активните жаришта се лоцирани во повеќе региони:

    • Студеничани и Зелениково: Пожарот ги опфаќа селата Моране, Вртекица, Рамни Габер и кракот кон Палиград, како и теренот над селата Вражале и Тисовица, каде гори мешана шума.
    • Гостивар и Македонски Брод: Зафатена е нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат во с. Трново (Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане (Македонски Брод).
    • Чашка: Над селото Нежилово, на местото викано Сватови, гори ниска вегетација и смреки.
    • Струга: Во селото Франгово гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.

    Под контрола на противпожарните екипи се три пожари:

    • Општина Кичево – с. Тајмиште (м.в. Дарда), каде е зафатена високостеблеста букова шума;
    • Општина Делчево – пожар на депонија;
    • Општина Брвеница – село Стрмница.

    Во изминатиот период целосно се ликвидирани 24 пожари на отворено, меѓу кои во општините Желино, Теарце, Кичево, Делчево, Градско, Гостивар, Росоман, Босилово, Арачиново, Карпош, Гази Баба, Струмица, Кавадарци, Берово, Куманово, Шуто Оризари и Битола. Меѓу покрупните интервенции беше и изгаснувањето на пожарот помеѓу резерватот „Јасен“ и селото Брезница во Македонски Брод.

    Прочитај повеќе

    „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица

    12.09.2026 во 11:32

    ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 

    12.09.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.