Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте
    • Хали Бери на суд поради наводно злоставување, синот сведочеше речиси четири часа
    • Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица
    • НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
    • Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
    • Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1
    • САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците
    • Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче зборува за ЕУ, а истовремено се повикува на системот кој СДС и ДУИ го уништија додека беа на власт

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче зборува за ЕУ, а истовремено се повикува на системот кој СДС и ДУИ го уништија додека беа на власт

    27.08.2026 во 09:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче сега се фали со одлуката на Ислам Абази да не поведе обвинение против него за 19 модуларни болници, меѓу кои и модуларната болница во Тетово, каде во пожар животот го изгубија 14 лица. Кога требаше да одговара пред законот за модуларните болници, кои беа поставени без да се почитува Законот за градење и без почитување на стручната јавност, токму тој систем, кој СДС и ДУИ го обликуваа да им слугува на нивните интереси, го спаси Филипче од одговорност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Филипче зборува за ЕУ, владеење на право и европски вредности, а истовремено се повикува на системот кој СДС и ДУИ го уништија додека беа на власт. СДС и ДУИ го доведоа правосудството до ниво на доверба под 2%, а Ислам Абази, поставен во нивно време, донесе одлука која го ослободи Филипче.

    Тој систем, кој е нефункционален и од кој дел е и Ислам Абази, Филипче сега го користи како аргумент, еден ден зборува за европска Македонија и владеење на правото, а следниот ден се радува на одлука на обвинителство кое не покрева обвинение против него.

    ЕУ бара независно правосудство, но наместо тоа, Филипче ја слави одлуката на обвинител поставен во систем чија кредибилност самиот тој придонел да ја урне. Тие 2% доверба во правосудството, наместо да бидат аларм, за него изгледа се  „доказ“ дека е чист. За Филипче европска Македонија значи обвинителство кое дејствува согласно неговите интереси.

    Овој тип на одлуки и штетат на државата при евроинтегративниот процес и на напредокот во владеење на правото“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.