Во Владата утре официјално започнува реализацијата на проектот за изградба на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија.
На официјалното отпочнување ќе присуствува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Настанот ќе се одржи во Свечената сала на Владата со почеток во 12:30 часот.
Притоа, предвидено е и свечено потпишување на Договорот за реализација на гасоводната интерконекција.

