Author: Author 04

Ноќеска во Скопје пред и после полноќ , на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.К.(40), Б.Н.(43), М.Џ.(21), Н.Б.(36) и двајца 16-годишници, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, таблети и нож. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.     

Повеќе

Вчера во 14:15 часот  во СВР Скопје е пријавено дека на  ул.„Лазар Трповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(40) од с.Матејче, липковско и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(20) од Скопје. Во несреќата е оштетено и паркирано возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од К.А.(49) од с.Глуво, скопско. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.С., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, додека со телесни повреди се здобил негов сопатник, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна…

Повеќе

Вчера во 23:40 часот на паркинг простор позади Спортско рекреативен центар „Биљанини извори“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Ф.Ф.(40) од Ресен и М.Б.(30) од Гостивар. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајден е пластичен котур за хидро изолација за кој изјавиле дека го одзеле од објектот каде работеле на изградба на нова трибина на спортскиот центар. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Вчера околу 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Самоилова“ во Скопје, под Кале на стариот полигон, настанал пожар при што била запалена сува трева. Од пожарот биле зафатени и три возила, а едно лице се здобило со повреди кршејќи стакла на возилата со намера да ги тргне од местото. Интервенирале полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и пожарот бил изгаснат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.М.(54) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг’’ и ,,прикажување на порнографски материјал на дете’’. Пријавениот во викенд куќа во битолско, во повеќе наврати, вршел полови дејствија пред неговиот малолетен син и му прикажувал видеа со порнографска содржина.   

Повеќе

Вчера во 16:30 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека во угостителски објект на  Градскиот пазар во Свети Николе едно машко лице починало, откако претходно му се слошило во објектот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Свети Николе телото на починатиот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице.

Повеќе

Вчера во 23:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Ресен, кај крстосница Ротино и Кукуречанска крстосница,  минибус „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од с.Коњско, охридско, кој превезувал навивачка група од Охрид, движеќи се по патот бил оштетен од група граѓани при што се направени оштететувања на автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени пријави.

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.К.(54) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена’’. На 05.08.2025, пријавениот од негов странски телефонски број констактирал женско лице од Тетово и од неа барал 20.000 евра затоа што издржувал затворска казна во Германија наводно поради нејзина вина. Според пријавеното, тој испраќал пораки со закани и уцени на жената и нејзината мајка дека поседува видео снимки кои ќе ги објави доколку не му  обезбедат парите.

Повеќе

Вчера во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано Л.Ј.(19) од с.Кондово, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(38) од с.Ласкарци, скопско, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.С.(25) од с.Крушопек, скопско, патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.З.(37) од с.Крушопек, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(28) од с.Глумово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.Ј., додека со телесни повреди се…

Повеќе

Кејот на Вардар во Маџир Маало доби нов лик!, соопшти градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Денес Ѓорѓиевски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, ги пуштија во употреба обновените спортски терени на кејот на Вардар, на потегот кај Маџир Маало, место кое повторно се враќа на граѓаните како центар на рекреацијата, спортот и дружење. Кејот на Вардар е еден од моите клучни приоритети, истакна Ѓорѓиевски. „Уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење и уредување, со цел реката повторно да тече во своето природно, достоинствено корито, а просторот околу неа да стане вистинска урбана…

Повеќе