СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од селото Волино, општина Дебрца и И.М.(43) од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во текот на 2024 година, првопријавениот во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор, како и со несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности, потпишал одобренија за изградба на фото напонски панели на правно лице од Скопје.
Тоа го направил иако знаел дека правното лице не ја поседувало целокупната потребна документација издадена од надлежен орган. Одобренијата биле изготвени од второпријавеното лице, кое било раководител на Одделение за урбанизам и јавни дејности во општина Дебрца.
- Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
- Драма во Белгија: Уапсен 15-годишен ученик за лажна дојава за бомба и евакуација на 850 деца во Гент
- Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци
- Двајца загинати при руски напади врз бензински пумпи во Киев
- ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори
- ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
- Мелони децидна: Италија мора сама да произведува повеќе нафта и гас за да ја намали увозтната зависност
- Норвешката принцеза Астрид почина на 94-годишна возраст

