Author: Author 04

Под енергично раководство и непоколеблива посветеност на заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи-Шаќири, инвестициите во Општина Теарце добиваат на интензитет, трансформирајќи се во конкретни проекти што ги допира и чувствува секој граѓанин, се вели во соопштението од „Вреди“. „Заедно со градоначалникот на Теарце, Даут Мемиши, и заменик-директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Тахир Таири, беше извршена теренска посета за одблизу да се види почетокот на работите за реконструкција на локалниот пат во Доброште, клучен проект што ја симболизира долгоочекуваната промена за жителите.ВЛЕН нагласува дека поддршката на Министерството за транспорт кон Теарце е силна, континуирана и целосно ориентирана кон резултати. Во…

Повеќе

Податоците објавени во регионалните анализи за странските директни инвестиции на Балканот покажуваат сериозен аларм за Република Северна Македонија: пад од 61отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година, со вкупна вредност од само 468 милиони евра. Ова е еден од најслабите резултати во регионот и тежок сигнал за економијата на државата, се вели во соопштението од ДУИ. „Странскиот инвеститор бара правна сигурност, функционални институции, политичка стабилност, професионална администрација и јасна евроатлантска перспектива. Кога државата создава неизвесност, политички тензии и недостаток на стратешка насока, капиталот избира други дестинации. Додека земјите од регионот се натпреваруваат за нови…

Повеќе

СДС и Филипче стануваат се поарогантни, а и делуваат целосни отуѓени од реалноста. Не се соочуваат никако со сопствените слабости, и покрај реакции од јавноста дека Филипче ја води партијата во бездна, и покрај тоа што нивни, сега поранешни, членови и функционери јавно се огласуваат за истото. Најново, по изборите во Унгарија, каде победи партијата Тиса, која инаку е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ а не на СДС, очајнички бараат некоја утеха занимавајќи се со избори во друга држава и туѓи политички приказни, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче на пример, се однесува како тој лично да има удел во…

Повеќе

Орбан уште 2018 година ги однесе “Black Cube” во Унгарија и ги користеше за валкани операции против политичките противници. На последните избори во Унгарија, оваа компанија требаше да пушти провокативни снимки против Петер Маѓар, додека истовремено работеа на афера на изборите во Словенија за Јанез Јанша. Сега истата тактика ја применуваат и во Македонија, се вели во соопштението од СДСМ. „Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ се обидуваат да фабрикуваат афери против СДСМ преку странски приватни разузнавачки агенции. „Black Cube“ е позната израелска приватна разузнавачка компанија, често наречена „приватен Мосад“. Се занимава со следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е меѓу клучните учесници на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија (ADF2026). Во фокусот на неговите активности е зајакнувањето на регионалната соработка преку дијалог, бизнис и посилна поврзаност. На панелот „Жнеење мир на Балканот“, Муцунски пред дипломатскиот елитни собир ја истакна неопходноста од заеднички пристап кон предизвиците што ги засегаат земјите од Западен Балкан. Неговата посета на Анталија е дел од интензивната дипломатска агенда, која започна со учество на Третиот министерски состанок на Балканската платформа за мир, на покана на неговиот турски колега Хакан Фидан. „Нашата цел е јасна: преку…

Повеќе

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Сепак, граѓаните треба да бидат подготвени за силни налети на ветерот кои ќе бидат особено изразени долж Повардарието. Во југоисточните делови од земјава, УХМР најавува услови за краткотраен локален дожд проследен со ретки грмежи. Во главниот град ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Живата во термометрите ќе се искачи до 22 степени. УХМР најавува промена на времето од понеделник во вечерните часови, кога повторно се очекува нестабилност со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на среда.

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска учествуваше на дискусија на високо ниво во организација на PES (Партијата на европски социјалисти), на панелот „Обликување на Европа заедно: Прогресивни гласови од Западен Балкан“, кој се одржа во Барселона. Во своето обраќање, Филипче нагласи дека Европа се соочува со сериозен бран на авторитаризам, на кој прогресивните сили и социјалдемократијата се последна линија на одбрана.„Tокму социјалдемократијата е суштинската спротивност на авторитарните режими и прогесривните сили се последната линија на одбрана. Историјата нè учи дека помирувањето со авторитаризмот не го слабее, туку го зајакнува. Тоа им дава простор на екстремните сили да се претстават како умерени и…

Повеќе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата на САД во земјава Никол Варнс, со која разговараше за приоритетите од аспект на подобрување на работата и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство. Савески се заблагодари за континуираната американска поддршка за унапредување на целокупниот систем за владеење на правото, а особено за функционирањето на Јавното обвинителство и за воспоставувањето и опремувањето на истражните центри во обвинителствата. Варнс му честиташе за изборот на Савески на највисоката јавнообвинителска функција во државата, нагласувајќи дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат реформите и активностите кои…

Повеќе

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави дека Ормускиот теснец е „целосно отворен“ за сите комерцијални бродови. Оваа одлука, како што појасни шефот на иранската дипломатија, е директно поврзана со актуелниот прекин на огнот во Либан. Теснецот, кој важи за една од најкритичните точки во светот за транспорт на нафта, во изминатиот период беше во фокусот на тензиите на Блискиот Исток. „Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални бродови низ Ормускиот теснец е прогласен за целосно отворен за преостанатиот период на примирјето“, напиша Арагчи на социјалната мрежа „X“.

Повеќе

На 16.04.2026 во 16:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Б.(43) од Битола затоа што физички ја нападнал својата мајка. На 16.06.2026 околу 11:00 часот во СВР Куманово, 65-годишна жена од Куманово пријавила дека подолг временски период нејзиниот син И.А.(35) агресивно се однесувал и психички ја малтретирал. На 16.04.2026 во 10:40 часот во ОВР Струга, 56-годишна жена од струшко пријави дека нејзиниот партнер подолг временски период физички и психички ја малтретирал, а дента ја избркал од дома, при што ѝ ги одзел клучевите од домот. На 16.04.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 59-годишна…

Повеќе