Close Menu
Press24
    Најново

    Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари

    28.10.2026 во 19:08

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Си го прегазил едногодишното дете со автомобил, па ја лажел полицијата дека паднало од покрив – Ужас во Беране

    Си го прегазил едногодишното дете со автомобил, па ја лажел полицијата дека паднало од покрив – Ужас во Беране

    31.08.2026 во 13:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Црногорската полиција го уапси 22-годишниот А. И. од Беране под сомнение дека со автомобил го прегазил своето едногодишно дете, а потоа се обидел да ја прикрие трагедијата со лажно тврдење дека детето паднало од објект.

    По пријавата од здравствената установа, полициските службеници извршиле првичен разговор со таткото, кој се обидел да го прикрие вистинскиот тек на настаните.

    „Полициски службеници веднаш беа испратени во здравствената установа, кои го утврдија идентитетот на едногодишното дете и го испрашаа таткото А. И. (22). Тој во таа прилика изјави дека детето починало како последица на пад од покривот на помошна монтажна зграда“, соопшти полицијата.

    За случајот веднаш биле известени дежурните обвинители, а телото на детето било пренесено на обдукција во Клиничкиот центар на Црна Гора.

    Сепак, за време на увидот и целоноќната истрага, инспекторите се посомневале во изјавата на 22-годишниот татко. Понатамошната кривична истрага го открила вистинскиот начин на кој настанале смртоносните повреди.

    „Според собраните информации, утврдено е дека таткото на детето, како што се верува, додека излегувал од гаражата со својот автомобил, го удрил детето, поради што починало“, се вели во соопштението на црногорската полиција.

    Полициските екипи извршиле детален увид на местото на трагедијата, а автомобилот е запленет за вештачење.

    По наредба на обвинителот од Основното државно обвинителство во Беране, А. И. е уапсен под сомневање за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на јавниот сообраќај“.

    Прочитај повеќе

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.