Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?
    • Стигнуваат големи пари и среќа: Овој хороскопски знак до крајот на летото го очекува големо богатство
    • Приборот за на училиште не е многу поскап од лани но со под 50 евра не се трга на 1 септември
    • ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во Кавадарци за да се сопре чадот
    • Најмногу пари доаѓаат од патарината кај Романовце – за 6 месеци од патарини собрани над 30 милиони евра
    • Украина полека ја губи војната
    • Федоров: Украина полека ја губи војната, има само неколку месеци за пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Борба со огнена стихија: Повеќе од 15 пожари во земјава, Ангелов ги соопшти деталите за четирите најкритични точки

    Борба со огнена стихија: Повеќе од 15 пожари во земјава, Ангелов ги соопшти деталите за четирите најкритични точки

    21.08.2026 во 15:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На територијата на државата во моментов се активни повеќе од 15 пожари на отворен простор, од кои четири се поголеми и поинтензивни, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

    Најголемиот пожар и понатаму е во Мариовскиот регион, на подрачјето на општините Прилеп и Битола, кој денеска е ставен под делумна контрола.

    „Кракот којшто се движи над селото Крушевиште е значително намален. Можеби во вечерните часови ќе се приближи кон селото, но таму, на лице место, се наоѓаат сили од локалните пожарникари, поддржани со тимовите за брз одговор на ДЗС, составени од доброволци од Битола, Кочани и Виница. Имаме и четири екипи со специјални возила, односно огнените тимови на Дирекцијата“, изјави Ангелов.

    Тој додаде дека околу селото се направени противпожарни пресеки, а огнената линија е намалена на еден до два километри, за разлика од претходните 25 километри. Подобрување има и кон магистралниот пат Прилеп–Битола.

    „Во текот на ноќта, храбрите пожарникари од Прилеп, поддржани со храбрите доброволни пожарникари ангажирани преку Дирекцијата од Битола, ја нападнаа линијата на огнот и, при тоа, на мое големо неверување, успеаја да изгаснат повеќе километри огнена линија високо во планините. Во овој момент имаме таму само еден активен крак којшто се движи кон селото Бонче, но селото не е загрозено бидејќи имаме сконцентрирано доволно сили“, информира Ангелов.

    Сериозна е состојбата и во Општина Македонски Брод, над селото Драговдол, каде што е активиран модулот за шумски пожари со 25 доброволци и пет оперативци на ДЗС, кои дејствуваат на исклучително тежок и непристапен терен.

    Во Општина Ступеничани, огнот кој се движеше кон Китка е ставен под делумна контрола со помош на скопските пожарникари и авионска поддршка.

    „Рано утрово таму направивме хеликоптерско извидување. Имаше само остатоци од горењето во еден дол… Затоа дадов наредба да дејствуваат ер тракторите, коишто во два налета, трите ер трактори, исфрлија околу 20 тони вода. Постои можност овој пожар целосно да згасне“, рече Ангелов.

    Пожар е активен и во Општина Липково, над селото Никуштак, кој се движи кон селото Матејче и истоимениот манастир. На терен дејствуваат четири пинц-гауери, кумановските пожарникари и специјално БТР возило на ДЗС со шест тони вода поставено превентивно за заштита на првите куќи.

    Останатите регистрирани пожари ширум државата се со помал интензитет.

    Прочитај повеќе

    Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?

    25.08.2026 во 22:20

    Приборот за на училиште не е многу поскап од лани но со под 50 евра не се трга на 1 септември

    25.08.2026 во 22:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.