Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Силен земјотрес од 7 степени според Рихтер го погоди северен Тибет
    • Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен
    • Мерц: Западен Балкан не смее да биде полигон за туѓи влијанија
    • Просечната нето-плата во август 48.733 денари
    • Зеленски за односите со Вашингтон: Нема ништо лично меѓу мене и Трамп
    • Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта
    • МВР ги крева дроновите – силна контрола за утрешниот празник
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Силјановска-Давкова ги посети македонските спортисти во Таранто пред отворањето на Медитеранските игри

    Силјановска-Давкова ги посети македонските спортисти во Таранто пред отворањето на Медитеранските игри

    21.08.2026 во 15:453 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на XX Медитерански игри „Таранто 2026“, а заедно со нив е и претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова.

    Денеска, во Олимпиското село, таа се сретна со македонските претставници, се запозна со членовите на делегацијата и им упати поддршка пред почетокот на натпреварите. Претседателката им посака успешни настапи и изрази надеж дека со својата посветеност, борбеност и спортски дух достоинствено ќе ги претстават македонските бои во Таранто.

    Присуството на претседателката на Медитеранските игри е историски момент за македонскиот спорт. За првпат откако Македонија настапува на оваа голема меѓународна спортска манифестација, на Игрите присуствува и претседател на државата, што претставува значајна поддршка и дополнителна мотивација за македонските спортисти.

    Силјановска-Давкова во Таранто ќе престојува два дена, а вечерва ќе присуствува и на свеченото отворање на Игрите, заедно со делегациите од медитеранските земји. Нејзиното присуство во градот домаќин е дополнителна можност македонските спортисти да почувствуваат дека зад нивниот настап стои поддршката од целата земја.

    Вечерва во 20 часот официјално започнуваат Игрите, со церемонија која македонската јавност ќе може да ја следи на МРТ 1, додека дел од натпреварите во живо ќе се пренесуваат на МРТ 3.

    „Таранто 2026“ ќе трае до 3 септември, а македонските спортисти веќе ги имаа првите настапи. Нашите одбојкарки вчера го одиграа првиот натпревар на Игрите против Турција, во кој загубија со 3:0, со што за Македонија започна спортската приказна во Таранто.

    Во следните денови македонските бои ќе ги бранат спортисти во 19 од вкупно 33 спортови на програмата: атлетика, бадминтон, бокс, велосипедизам, коњички спортови, мечување, ритмичка гимнастика, џудо, карате, стрелаштво, пливање, таеквондо, тенис, триатлон и борење – слободен стил, како и женските репрезентации во ракомет и одбојка, машката репрезентација во баскет 3х3 и машката фудбалска репрезентација до 21 година.

    Македонија Во Таранто настапува со својата најбројна делегација досега на Медитеранските игри – вкупно 130 членови, од кои 88 се спортисти. Зад нив стои поддршката од Македонскиот олимписки комитет, кој во изминатиот период обезбедуваше услови за подготовките и настапот на Игрите. Дополнителна поддршка во Таранто ќе имаат и во делот на менталната подготовка, преку работата со Софија Арнаудова, сертифициран тренер за ментални перформанси, која ќе работи со спортистите на концентрацијата, менталната подготовка и справувањето со натпреварувачкиот притисок.

    Македонските спортисти на Игрите настапуваат во официјална опрема на ЈОМА, во која ќе ги претставуваат македонските бои на спортските терени.

    За сите случувања од Таранто, настапите, резултатите и атмосферата околу македонската делегација, јавноста секојдневно ќе може да следи информации и содржини на официјалните Facebook и Instagram профили на Македонскиот олимписки комитет, како и преку социјалните медиуми на Стефан Лазаров.

    Ова е четврто учество на Македонија на Медитеранските игри како независна држава, по Мерсин 2013, Тарагона 2018 и Оран 2022. Македонија досега има освоено 14 медали на Медитеранските игри, а новата генерација македонски спортисти во Таранто ќе има можност да ја продолжи оваа традиција.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.