Author: Author 04

Владата останува посветена на одржување на макроеконмската стабилност, стабилност во управувањето со јавните финансии, спроведување фискална консолидација и обезбедување забрзан и одржлив економски раст. При тоа будно го следи и развојот на состојбата под влијание на влијание на неизвесностите на меѓународен план и презема мерки за справување со предизвиците. Ова беше истакнато на средбите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со извршниот директор на ММФ Јерон Клик, заменик-извршниот директор Марникс ван Рај, директорот на Европскиот оддел во ММФ, Алфред Камер, со шефот на Мисијата на ММФ, Ник Гигинеишвили, како и со претставници од Одделот за фискални прашања при Меѓународниот монетарен фонд, во Вашингтон. „Клучна цел на фискалната…

Повеќе

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, вчера во 16:15 часот, во селото Горно Душогубица, кичевско, го лишиле од слобода Г.С. (66) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик. Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, спроведен со судска наредба од Основен суд Кичево, биле пронајдени и одземени ловечки карабин „Маузер“ калибар 7,9 мм, ловечка пушка „Застава“ М75 калибар 12 мм, пиштол „Застава“ М57 калибар 7,62 мм со празна рамка, 23 ловечки патрони, 18 куршуми за пиштол калибар 7,62 мм, 10…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска е во Анталија каде ќе учествува на петтиот Дипломатски форум (ADF2026). Настанот, под мотото „Мапирање на утрешнината: управување со неизвесностите“, се одржува под покровителство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Министерот Муцунски утре ќе биде еден од говорниците на панелот посветен на Балканот, каде ќе се дебатира за дијалогот и бизнис поврзаноста меѓу земјите од регионот. „Министерот Муцунски утре ќе се обрати на панелот ‘Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност’, на кој е предвидено учество на министри од земјите од Западен Балкан, како и од Хрватска и…

Повеќе

Цените на нафтата на светските берзи забележаа пад по веста за стапување во сила на прекинот на огнот меѓу Израел и Либан. Дополнително влијание врз пазарот изврши и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната во Иран би можела наскоро да заврши, бидејќи Техеран наводно се согласил да се откаже од збогатувањето ураниум. Суровата нафта од типот „Брент“ падна на околу 98,5 долари за барел, додека американската лесна нафта се тргува по цена од 93,6 долари. И покрај овој пад, аналитичарите предупредуваат дека енергетскиот пазар останува исклучително нестабилен. Клучната точка на интерес и понатаму е Ормутскиот теснец, каде протокот…

Повеќе

СДС со ова партиско раководство предводено од Венко Филипче, нема реална политика, нема реформи, нема ни идеи, ниту пак програма, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Единствено што има е гола пропаганда преку фалименто соопштенија што немаат врска ниту со реалноста, ниту со Македонија.  Пропаднатиот ПР на Зоран Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, СДС и Филипче ги насочи фокус да им бидат избори во други држави, наместо во партија да прават реформи и промени. Филипче и СДС не си го гледаат сопствениот двор полн со неуспеси и порази, како и партијата која се повеќе слабее, туку целиот фокус им…

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.А.(45) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување исправа“. Пријавениот, како вработен во Министерство за финансии – Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение Куманово, овозможил донесување и спроведување на решенија за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на Д.Б. и Н.А.А., при што со своето постапување директно ја нарушил законитоста на управната постапка и овозможил стекнување на државен имот без правен основ. Во предметите е утврдена недозволена промена на идентитетот на подносителите, односно решенијата се издадени…

Повеќе

Министерството за правда уште пред неколку дена соопшти дека ќе ги побара сите списи од надлежните судски органи и обвинителства за сите предмети поврзани со Никола Груевски и дека „ќе постапи согласно позитивните законски прописи“, се наведува во соопштението од СДСМ. „До каде е постапката? Ги спреми ли владата на Мицкоски документите? Дали е поднесено барање за ектрадиција на Груевски? Додека институциите во Македонија „прибираат документи“, други држави веќе делуваат. По најавите на Петер Маѓар дека нема повеќе заштита за криминалци во Унгарија, Полска не чекаше туку веднаш реагираше и веќе испрати официјално барање за екстрадиција на свои политичари. Само…

Повеќе

На меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид денеска и утре ќе се реализира симулациска вежба за справување со вонредни состојби. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, активностите ќе започнат денеска во 15:00 часот, додека за утре почетокот е закажан во 13:30 часот. Главната задача на оваа вежба е да се тестираат капацитетите на полицијата и останатите служби во реални услови. „Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации“, велат од МВР. Од министерството упатуваат апел до граѓаните да бидат смирени, бидејќи станува збор за планирана…

Повеќе

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе учествува на „Лидерскиот панел“ во рамки на Дипломатскиот форум во Анталија. Овогодинешниот форум, кој се одржува под мотото „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“, собира политички лидери од целиот свет. Како што информираат од нејзиниот кабинет, модератор на овој значаен панел ќе биде Мевлут Чавушоглу, поранешен шеф на турската дипломатија. Покрај македонската претседателка, на панелот ќе говорат и високи претставници од неколку држави: претседателот на Казахстан, Касим – Жомарт Токаев, премиерот на Пакистан, Мухамад Шехбаз Шариф, премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, како и грузискиот премиер Иракли Кобахиѕе. Оваа активност на…

Повеќе

Викендот пред нас носи променливо време и пад на стабилноста. Според метеоролозите, сончевите периоди ќе бидат заменети со облачност и локални врнежи од дожд. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека денеска и утре ќе биде карактеристичен северниот ветер. „Денеска и утре ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи“, велат од УХМР. Во главниот град се очекува слично време. Скопјани треба да подготват чадори поради променливата облачност, иако ветерот во скопската котлина ќе биде со послаб интензитет. Максималните температури во земјава ќе достигнат до 25 степени, додека во…

Повеќе