Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Штерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа, Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агенда

    Штерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа, Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агенда

    27.08.2026 во 11:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иван Стоилковиќ, соработник на премиерот Христијан Мицкоски и министер во неговата Влада, отворено работи за кинеската и руската агенда, изјави Кети Штерјова на денешната прес-конференција на СДСМ.

    Според неа, по повеќегодишното застапување на српски и руски интереси, како и по кредитот од една милијарда евра што Мицкоски го зеде преку унгарскиот премиер Виктор Орбан, Стоилковиќ сега промовира проекти и најавува стратешки инвестиции со кинески пари.

    „Додека САД јасно гледаат во Кина и Русија закана за стабилноста и евроатлантската интеграција на регионот, министер на Мицкоски отворено промовира кинеска соработка и патува во Кина“, истакна Штерјова.

    Од опозициската партија се повикуваат и на официјални оценки од Вашингтон во однос на регионалното влијание на овие земји.

    „Во стратешки документ на Стејт департментот се нагласува дека Кина и Русија се малигни актери кои активно се обидуваат да ја искористат нестабилноста, корупцијата и слабата управуваност во Западен Балкан за да го прошират своето влијание“, изјави Штерјова.

    Таа додаде дека Стоилковиќ јавно ги подрива стратешките интереси на земјава во соработка со уредникот на „40% од Орбановите медиуми – Началникот Латас“.

    Според СДСМ, ова влијание дополнително ќе се зголеми со доаѓањето на српската медиумска мрежа преку медиумите „Ало“ и „Еуроњус“ во Македонија, предводени од Ивона Талевска.

    „Ништо не е случајно. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија“, порача Штерјова, додавајќи дека граѓаните заслужуваат европска иднина, а не да бидат заложници на туѓи интереси.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.