Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Капетановиќ на Самитот на Берлинскиот процес: Време е регионалните ветувања да се претворат во напредок
    • Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана евроинтеграција
    • Неполн месец по вселувањето – вода протекува низ ѕидовите во реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
    • ПИОМ: Податоците на граѓаните се сигурни, голем дел од утврдените пропусти веќе се надминати
    • Шокантен инцидент во Малезија: 16-годишен ученик со секира нападна наставничка, нападот го пренесувал во живо на интернет
    • Сали со Боланд за учеството на граѓаните и социјалните партнери во европската интеграција
    • Димитриеска-Кочоска го презентираше вториот ребаланс на Буџетот: Приходите и расходите се намалуваат за 5,3 милијарди денари
    • Минчев се сретна со новиот грчки амбасадор Малукос: Фокус на реформите и Академијата за стручно усовршување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » АХВ спречи увоз и уништи над 27,5 тони косовско млеко поради зголемен афлатоксин

    АХВ спречи увоз и уништи над 27,5 тони косовско млеко поради зголемен афлатоксин

    24.08.2026 во 14:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце минатата недела спречија увоз на две пратки УХТ млеко од Република Косово, со вкупна тежина од 27.520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над дозволените концентрации.

    Количините млеко, кои биле наменети за пласман во синџир маркети во земјава, под надзор на официјален ветеринар се нештетно уништени на депонијата Дрисла.

    Мострите за лабораториско тестирање биле земени во рамки на Мониторинг програмата што инспекциските служби на АХВ ја реализираат за пратки со храна од животинско потекло при увоз.

    Од Агенцијата потсетуваат дека на 17 јули годинава е донесено Решение за воведување посебни безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко и производи кои содржат згуснато млеко и млеко во прав.

    Со тие мерки се засилени официјалните контроли и задолжителните лабораториски испитувања при увоз, со цел на домашниот пазар да се пласираат исклучиво безбедни и квалитетни производи, како и да се обезбеди заштита на домашните производители и потрошувачите.

    Прочитај повеќе

    Капетановиќ на Самитот на Берлинскиот процес: Време е регионалните ветувања да се претворат во напредок

    22.10.2026 во 17:52

    Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана евроинтеграција

    22.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.