- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика и очекувам веќе од следната пролет да ги возиме првите километри, а целиот автопат да се заврши и пред рокот. Преговараме за нова траса од Фариш до Прилеп како автопатско решение, работиме на проектирање на обиколница Прилеп, на топловодот за Битола, гасификацијата и други инфраструктурни проекти кои ќе дадат силен економски инпут за развој на Пелагонискиот регион, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски пред Регионалните бизнис комори на Битола и Прилеп. “Знаете дека како Влада презедовме итни мерки. Македонија во моментов има најевтино гориво во целиот…
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска во просториите на Министерството оствари протоколарна средба со Н.Е. амбасадорката на Република Грција, г-ѓа Софија Филипиду. На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на реформите и модернизацијата на јавната администрација. Соговорниците се осврнаа на можностите за продлабочување на партнерството преку размена на искуства и добри практики, како и преку користење на европските програми за поддршка на институционалниот развој. Посебно внимание беше посветено на воспоставувањето и развојот на Академијата за јавна администрација, како значаен сегмент во градењето професионална, ефикасна и департизирана јавна служба. Во тој контекст, беше изразена…
Четириесет и деветгодишен македонски државјанин е осуден на затворска казна од 15 месеци во Солун, откако вчера под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа. Инцидентот се случил на регионалниот пат Солун – Калохори, кога возачот со својот камион удрил во паркирано возило. Полицискиот алкотест покажал дека возачот имал помеѓу 0,76 и 0,78 милиграми алкохол на литар воздух, што е значително над дозволеното ниво. Судот за прекршоци во Солун го прогласи за виновен за опасно возење, по што му беше одредена затворска казна која може да ја откупи за по 10 евра од ден.
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од МВР информираат дека седуммина од нив управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, по двајца со брзина поголема од дозволената и под дејство на алкохол и еден со активна забрана. Двајца возачи во Скопје, од кое еден малолетник и по еден возач во Штип, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Тетово возеле без возачка дозвола. Еден возач во Гевгелија и еден во Тетово управувале возило со брзина поголема од дозволената. Еден возач во Струга и еден возач во…
Европската Унија ги предупреди земјите-членки да се подготват за долгорочни нарушувања во снабдувањето со енергија доколку не се смират тензиите со Иран. Како што пренесува „Ројтерс“, затворањето на Ормутскиот теснец веќе се чувствува на глобалниот пазар, со оглед на тоа што низ оваа точка минуваат дури 20 проценти од светската нафта и течен гас. Иако Европа сè уште физички не се соочила со недостиг, цените на нафтата и гасот дивеат. Најкритично е кај авиосообраќајот – аеродромите веќе предупредуваат дека првите празни резервоари со гориво за авиони би можеле да се појават во рок од само неколку недели.
Американскиот претседател Доналд Трамп откри дека постигнал важен договор со кинескиот колега Шји Џјипинг во насока на деескалација на Блискиот Исток. Во интервју за „Фокс бизнис нетворк“, Трамп потврди дека преку лична кореспонденција побарал од Пекинг да запре секаква испорака на оружје за Техеран. „Му испратив писмо со молба, а тој ми одговори во основа потврдувајќи дека нема да го прави тоа“, изјави Трамп, нагласувајќи го својот близок однос со кинескиот лидер пред неговата претстојна посета на Пекинг на 14 и 15 мај.
Вчера во 16:25 часот во СВР Скопје, М.Б.(46) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бутел, додека се движел со неговото возило, друго возило му го попречило патот од кое излегле две лица и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Претседателот на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ и членовите на комисијата. На состанокот беше извршена размена на информации од заеднички интерес, при што се разговараше за можностите за унапредување на меѓуинституционалната соработка, како и за координација на активностите во насока на ефикасно и навремено спроведување на законските обврски на двете институции. Соговорниците ја истакнаа важноста од континуирана комуникација и партнерски пристап, со цел обезбедување на транспарентност, професионалност и доверба во институционалните процеси. Министерството за јавна администрација останува посветено на зајакнување на институционалната соработка и унапредување на административните капацитети, со цел…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова постхумно го одликува Анастас Коцарев со Орден „Илинден – 1903 година“ за неговиот особен придонес во афирмирањето на самобитноста на македонскиот народ и за залагањето и активизмот за национално и социјално ослободување и создавање независна македонска држава. Во своето обраќање таа истакна дека постхумното одликување на Анастас Коцарев претставува чин на исправување на историската неправда, но и можност државата да се самопотврди преку делото на научник од светски ранг. Според неа, доделувањето на орденот „Илинден – 1903 година“ не е само свеченост, туку и значаен момент на збогатување на националната историја со личност чие влијание било тивко,…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во последното телевизиско интервју упати директни пораки до американскиот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го дека неговата „неутралност“ всушност и помага на Москва. Според Зеленски, Трамп од самиот почеток нагласувал дека сака да остане „во средина“, што за Украина значи отсуство на вистинска поддршка. „Ако САД дипломатски седат меѓу две столчиња и водат само благ дијалог со Русите, тогаш тие не се плашат“, дециден е Зеленски, додавајќи дека пораките што доаѓаат од Трамп се поповолни за Русија отколку за неговата земја.
