Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брачен пар пронајден мртов во заклучен стан – Трагедија го потресе регионот
    • Од утре драстична промена на времето – пад на температурите, силен ветер и пороен дожд
    • Татко си го натепал синот и му нанел повреди – Приведен 39-годишен прилепчанец
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Тетовец санкциониран откако возел мотоцикл без возачка дозвола
    • Мицкоски: Правиме напори да поевтини струјата за граѓаните
    • Мицкоски: Ние ги затвораме, тие ги ослободуваат
    • Опожарен деловен објект на регионалниот пат Боговиње–Тетово
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николовска: Инвестираме денес за подобро здравство утре со нови болници и нов Клинички во Скопје

    Николовска: Инвестираме денес за подобро здравство утре со нови болници и нов Клинички во Скопје

    24.08.2026 во 13:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на изградба на модерен, функционален и достапен здравствен систем преку инвестиции во клучните здравствени установи, истакна пратеничката Александра Николовска на денешната прес-конференција.

    Таа посочи дека фокусот е ставен на реализација на Клиничката болница во Штип, Клиничката болница во Тетово, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност, како и студентскиот дом и Факултетот за медицински науки. За овие проекти веќе е објавен меѓународен повик за финансиери и се добиени поволни индикативни понуди.

    Паралелно, Николовска истакна дека се разгледува изградбата на новиот Клинички центар во Скопје, а една од потенцијалните локации е кај базенот „Борис Трајковски“.

    „Станува збор за локација во приватна сопственост и во тек се разговори со сопственикот за можност за замена на земјиштето. Нашата визија е да изградиме ултрамодерен клинички центар кој нема да биде само за Скопје и за граѓаните на Македонија, туку ќе создаде можност за да привлекуваме пациенти и од соседните држави“, рече Николовска.

    Таа додаде дека планот предвидува и топол подземен премин под булеварот „Илинденска“ за поврзување со болницата „8-ми Септември“, како и заокружување на целиот комплекс заедно со ПЕТ центарот и поликлиниката „Букурешт“.

    Во однос на извршените реконструкции, Николовска ги издвои вложувањата во оперативниот блок, интензивната нега, патологијата и лабораторијата во „8-ми Септември“, одделението за трауматологија во Старата градска болница, како и инвестициите во ГАК вредни околу 110 милиони денари за реконструкција и современа опрема.

    „Во Клиничкиот центар Мајка Тереза веќе се реконструирани шест операциони сали, а во следните неколку месеци се очекува да бидат пуштени во употреба уште 4 современи операциони сали. Тоа значи дека ќе имаме вкупно 10 модернизирани операциони сали“, нагласи Николовска, додавајќи дека Владата инвестира денес за подобро здравство утре.

    Прочитај повеќе

    Велјановски: ЈО да истражи како се потрошени 4,6 милиони евра за провизии за железничкиот Коридор 8

    11.09.2026 во 11:22

    Кузеска: Мицкоски да објави каде завршиле 5-те милиони евра за прославата на 8 Септември

    11.09.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.