Close Menu
Press24
    Најново

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Над 5,6 милиони евра капитални инвестиции за патна и комунална инфраструктура во Струга

    Николоски: Над 5,6 милиони евра капитални инвестиции за патна и комунална инфраструктура во Струга

    24.08.2026 во 12:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поддршката од Министерството за транспорт за општина Струга е повеќе од 5,6 милиони евра во капитални инвестиции во булевари, улици и комунална мрежа, истакна заменик претседателот ан Владата и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општина Струга.

    Тој заедно со градоначалникот Менди Ќура извршија увид во изградба на неколку нови улици во градот, проекти што се реализираат со поддршка на Владата преку Министерството за транспорт.   

    “Денеска имавме работен состанок со градоначалникот каде што утврдивме приоритети во следниот период. Преку Министерството за транспорт се гради булеварот „Туристичка“ во вредност од 175 милиони денари. Понатаму, преку Министерството за транспорт исто така се гради улицата „Источно Колекторска” која  се спојува со улицата „Туристичка“.  Исто така, во соработка со Светска банка имаме проект кај Езерски лозја, којшто се финализира и за кој што денеска добивме уверување од Изведувачот дека до крајот на следната недела целокупно ќе бидат завршени работите и дека ќе може да биде пуштен во употреба.

    Со поддршка на Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање се работат неколку канализациони системи. Се работи канализационен систем во Враништа за ко јшто зборувавме денеска и каде што ќе се обидеме заедно со министерот да најдеме можност да се доврши целиот проект — се работи за дополнителни 700 метри мрежа и ако можеме да додадеме уште еден километар. А исто така зборувавме за еден нов проект, тоа е практично местото на кое што сме, а тоа е улица Колекторска да продолжи до магистралниот пат којшто води од Струга до Охрид и кај Мислешево да се направи еден поголем кружен тек како би се намалиле сообраќајните несреќи” – изјави Николоски. 

    Прочитај повеќе

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.