Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети – санкционирани 33 лица
    • ЈОРМ: Се вршат претреси во службени простории во МВР
    • Евро банкнотите добиваат нов изглед
    • Сопругата ме натепа мене и малолетниот син – Семејна драма во Берово
    • Кривична пријава за тетовчанка: Физички го нападнала своето четиригодишно дете
    • Скопјанец забележал дупка на капак од буре во дворот, кога го отворил внатре имало зрно од огнено оружје
    • Две лица кривично ќе се гонат за убиството на 26-годишното момче во Скопје
    • Филипче: Вака веќе не се живее – пак поднесуваме Закон за 600 евра минималец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Не наседнувајте на лажни пораки за сообраќајни казни во име на МВР – граѓаните добиваат лажни СМС пораки

    ФОТО: Не наседнувајте на лажни пораки за сообраќајни казни во име на МВР – граѓаните добиваат лажни СМС пораки

    20.08.2026 во 09:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи.

    Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“.

    Во овие пораки е наведен лажен линк преку кој граѓаните се пренасочуваат да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.

    Од МВР појаснуваат дека вистинските СМС известувања за направен прекршок стигнуваат исклучиво од испраќач „MVR-SC“.

    Текстот на официјалната порака задолжително мора да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок и линк во следниот формат: [https://safecountry.mvr.gov.mk](https://safecountry.mvr.gov.mk)....

    Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот – официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка.

    Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

    Прочитај повеќе

    Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети – санкционирани 33 лица

    11.09.2026 во 14:15

    ЈОРМ: Се вршат претреси во службени простории во МВР

    11.09.2026 во 14:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.