Close Menu
Press24
    Најново

    Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница

    28.10.2026 во 16:26

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска и германскиот државен секретар Вирмер разговараа за енергетската транзиција и соработката со ЕУ

    Божиновска и германскиот државен секретар Вирмер разговараа за енергетската транзиција и соработката со ЕУ

    19.08.2026 во 16:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Скопје оствари средба со Кристијан Вирмер, државен секретар за Европа и меѓународни прашања и портпарол на владата на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

    На средбата беа разменети мислења за процесите во енергетскиот сектор, со посебен фокус на енергетската безбедност, диверзификацијата на изворите и развојот на модерна инфраструктура.

    Министерката Божиновска ги претстави реформите за обезбедување стабилно снабдување со енергија, забрзување на транзицијата и усогласување со европските стандарди.

    Посебен акцент беше ставен на развојот на гасната инфраструктура и регионалното енергетско поврзување за поголема отпорност на системот.

    За време на разговорот беа разгледани искуствата на Северна Рајна-Вестфалија како еден од најзначајните европски индустриски региони кој спроведува процеси на декарбонизација.

    Двете страни истакнаа дека размената на знаења и добри практики е клучна во областа на енергетската ефикасност, обновливите извори и создавањето услови за нови инвестиции.

    Користењето на искуствата од развиените европски партнери беше оценето како важен дел од модернизацијата на македонскиот енергетски сектор.

    На средбата беше заклучено дека постојат големи можности за зајакнување на институционалната соработка во контекст на евроинтеграциите и енергетската транзиција.

    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.