- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Министерството за економија и труд, во соработка со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), ја финализираше компаративната анализа за движењето на цените на основните производи. Овој извештај доаѓа како директен заклучок од 162-та седница на Владата, со цел да се добие јасна слика за пазарните осцилации. Анализата се фокусира на 55 најпродавани прехранбени и непрехранбени производи. Податоците се црпени од четири големи трговски синџири кои имаат различно ценовно позиционирање на македонскиот пазар. Мониторингот го опфати периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година, а резултатите треба да покажат дали и колку трговците ги корегирале цените во овој критичен период за потрошувачката.
Основниот суд во Кавадарци им одреди притвор од 30 дена на две лица од демиркапиското село Корешница, кои се осомничени за филмско грабнување на жител на Неготино. Одлуката е донесена по предлог на Обвинителството поради опасност од бегство и тежината на делото. Настанот се случил на 12 април, кога 37-годишниот првоосомничен и неговиот 30-годишен соучесник насилно го внеле оштетениот во автомобил директно од неговиот двор. Притоа, помладиот напаѓач користел и пиштол за да му се закани на жртвата. Мотивот за грабнувањето бил морбиден обид за изнуда на признание. Осомничените сакале да го присилат оштетениот да сними изјава дека наводно ја…
На свеченото одбележување на 34 години од постоењето на Царинската управа, директорот упати невообичаено остри и јасни пораки до сите кои се обидуваат да го поткопаат системот. Тој нагласи дека институцијата веќе не е истата и дека промените, иако бараат време, се незапирливи. Во својот говор, тој директно им одговори на скептиците и на оние кои се обидуваат да ги минимизираат успесите на Управата. „Резултатите се лесно видливи за секој кој сака да ги види. За оние кои не сакаат од најразлични причини, сонце да сме па нема да можеме да ги огрееме затоа што чадор ќе извадат“, порача директорот.…
Проектот за модернизација на јавниот превоз во Македонија влегува во клучна фаза. На тендерот за набавка на електрични автобуси, распишан од Министерството за транспорт и врски, пристигнаа четири понуди. Евалуацијата на апликациите ќе започне веднаш по Велигденските празници. Од Министерството се оптимисти дека овојпат процесот ќе биде успешен: „Доколку тендерот биде успешен, првите 30 автобуси треба да стигнат во септември“, изјавија од Министерството за транспорт и врски за СДК.МК. Целиот проект има проценета вредност од околу 51 милион евра, што го прави еден од најголемите инфраструктурни зафати во транспортот во земјава. Ова е втор обид за реализација на набавката, откако…
Денеска по повод одбележувањето на 34 години од основањето на Царинската управа, се одржа свечен настан на кој беа презентирани досегашните резултати, реализираните активности и идните приоритети на институцијата во насока на зајакнување на системот и борбата против криминалот. На настанот присуствуваа и претставници на Министерството за внатрешни работи – Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени и Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. Свеченоста беше можност да се истакне значењето на меѓуинституционалната соработка, координацијата и заедничките напори во справувањето со сите облици на криминал, како и во унапредувањето на безбедноста и владеењето на правото.
Голема концентрација на прашина од Африка денеска повторно ја зафаќа Грција, а според метеоролошките прогнози, оваа појава ќе трае најмалку до четврток. Грчките медиуми, повикувајќи се на весникот „Ефимерида тон синдактон“, пренесуваат дека облаците прашина веќе се видливи во поголем дел од земјата. Овој феномен, кој е вообичаен за регионот поради близината со Африка, носи сериозни ризици по здравјето и значително го влошува квалитетот на воздухот. „Само 14 проценти од градовите во светот ги исполнуваат препораките на СЗО за концентрација на ПМ 2,5 честички, а Грција бележи алармантен пораст од 30 отсто во последната година“, стои во анализата на платформата…
Времето утре претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.Следува период на променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди во текот на денот. Утре наместа ќе има слаб дожд, а во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд а и појава на ретки грмежи. До петок ќе дува југоисточен ветер кој денес долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 km/h. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во…
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, шефот на белгиската дипломатија, Максим Прево, од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава. Ова е прва посета на министерот Прево на Република Северна Македонија, што претставува важен сигнал за континуитетот на билатералните односи. Фокусот на разговорите меѓу двајцата министри ќе биде ставен на унапредување на политичката и економската соработка, со посебен акцент на евроинтегративниот процес на нашата држава. „Централни теми на разговорите ќе бидат перспективите на процесот на проширување на Европската Унија, вклучително и натамошната белгиска поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија“, информираат…
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Л.(19) од Штип. Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Имено на 10.03.2026 во неговиот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот внук од сестра, информираа од полицијата за овој случај.
Вчера во 13:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.И.(57) од Скопје. Според пријавеното тој околу 10:00 часот пред домот на Д.Б.(27) од Скопје упатувал вербални закани кон него и неговата мајка, а потоа се заканувал и со пиштол. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
