Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЦУК со најнови податоци: Активни се пет пожари на отворено, зафатена е и куќа во Старо Нагоричане

    ЦУК со најнови податоци: Активни се пет пожари на отворено, зафатена е и куќа во Старо Нагоричане

    18.08.2026 во 14:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На територијата на државата денеска до 13 часот беа регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои пет се сè уште активни, еден е ставен под контрола, додека шест се целосно изгаснати.

    Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарните стихии зафатија шуми, ниска вегетација, но и објекти во повеќе региони.

    „Во моментов се активни пет пожари – Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општини Јегуновце и Сарај: с. Копанце и с. Туденце, со проширување кон с. Бојане (мешана шума). Општина Прилеп: с. Чаниште (ниска вегетација). Општина Старо Нагоричане: с. Орах, с. Диманце и с. Руганце (шумски пожар, при што е зафатена куќа)“, информираат од ЦУК.

    Пожарникарите успеаја да го стават под контрола огнот кај депонијата во Општина Делчево, а во меѓувреме беа ликвидирани неколку поголеми жаришта.

    „Изгаснати се пожарите кај Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација), Општина Кратово: с. Железница (депонија), Општина Ранковце: с. Ветуница (ниска вегетација), Општини Велес и Зелениково: с. С’лп, м.в. Горно Село, со проширување кон с. Карабуниште и с. Бузалково, како и кон селата Добрино и Тисовица (ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума)“, додаваат од ЦУК.

    Од Центарот дополнуваат дека се целосно изгаснати и пожарите во селото Батинци во Општина Студеничани, како и во селото Палиград во Општина Зелениково.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.