Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм
    • Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
    • Драма во Белгија: Уапсен 15-годишен ученик за лажна дојава за бомба и евакуација на 850 деца во Гент
    • Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци
    • Двајца загинати при руски напади врз бензински пумпи во Киев
    • ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори
    • ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
    • Мелони децидна: Италија мора сама да произведува повеќе нафта и гас за да ја намали увозтната зависност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристовски на централната свеченост во Охрид: Армијата е еден од столбовите на нашата државност

    Ристовски на централната свеченост во Охрид: Армијата е еден од столбовите на нашата државност

    18.08.2026 во 15:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за спорт Борко Ристовски денеска присуствуваше на одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Армијата, што се одржа во Кампот за обука на вода во Охрид.

    На централната свеченост, во присуство на државниот и воен врв, Ристовски упати честитка до сите армиски припадници и ветерани по повод 18 Август – Денот на Армијата.

    „Денеска им оддаваме почит на луѓето кои ја избрале честа да ѝ служат на својата татковина. Македонската Армија е создадена заедно со независна Македонија и повеќе од три децении е еден од столбовите на нашата државност. Генерации македонски војници ја носеле униформата со достоинство, професионалност и подготвеност да застанат во одбрана на државата и на нејзините граѓани“, истакна Ристовски.

    Тој потенцираше дека и покрај модернизацијата и членството во НАТО, најважниот ресурс во одбранбениот систем останува човекот.

    „Денес имаме современа Армија, рамноправен дел од НАТО, која се модернизира и се подготвува за новите безбедносни предизвици. Но технологијата и опремата се менуваат, а едно останува исто – човекот во униформа и неговата обврска кон државата, знамето и народот. На сите припадници на Армијата, на ветераните и на семејствата кои стојат зад нив им го честитам 18 Август – Денот на Армијата. Нека е вечна Македонија! Честит Ден на Армијата!“, порача министерот за спорт.

    Прочитај повеќе

    Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм

    11.09.2026 во 20:54

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.