Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска се сретна со чешкиот вицепремиер Мацинка: Фокус на енергетиката и новите инвестиции

    Божиновска се сретна со чешкиот вицепремиер Мацинка: Фокус на енергетиката и новите инвестиции

    20.08.2026 во 16:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија.

    Енергетиката, инвестициите и примената на современи технологии беа во фокусот на разговорите меѓу двајцата функционери.

    На средбата беше потврдена одличната и континуирана соработка меѓу Македонија и Чешката Република, со заедничка оценка дека постои значителен простор за нејзино натамошно продлабочување, особено во енергетскиот сектор.

    Во разговорот посебно внимание беше посветено на можностите за чешки инвестиции и поголемо присуство на чешки компании во Македонија, како и на размената на експертиза и технологии во области од стратешко значење – енергетска инфраструктура, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и модернизација на енергетските системи.

    „Чешка е наш докажан и значаен партнер. Имаме одлична соработка и воспоставени канали на комуникација, а сега целта е да направиме уште еден чекор напред – од размена на искуства кон конкретни проекти, инвестиции и технолошки партнерства. Македонија има голем потенцијал, а чешкото знаење и искуство можат да бидат значаен придонес во нашата енергетска трансформација“, истакна министерката Божиновска.

    Божиновска го потенцираше и значењето на директното институционално поврзување и економската дипломатија за отворање нови можности за македонските компании и привлекување инвеститори од Чешка.

    Соработката меѓу двете земји во економијата и енергетиката веќе има конкретна основа, имајќи предвид дека во март 2025 година, министерката Божиновска беше копретседавач на Третиот состанок на Мешовитиот комитет за билатерална економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република.

    Во рамки на оваа соработка, македонската страна во изминатиот период оствари и директни контакти со релевантни чешки енергетски институции и компании, со цел размена на искуства и создавање услови за конкретни партнерства.

    На средбата беше заклучено дека енергетската транзиција, сигурноста на снабдувањето и модернизацијата на инфраструктурата се области во кои двете земји имаат заеднички интерес, а постои потенцијал за продлабочување на соработката преку конкретни проекти и вклучување на бизнис-заедниците.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.