Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Државата дава до 5.000 евра субвенции за автомобили: Се однесува на електрични возила
    • Казни до 200 евра за возење сам во лента за повеќе патници: Европа воведе паметни камери за контрола
    • Татко во Франција осуден на затвор откако се заканувал дека ќе обезглави наставничка
    • Рекордна цена на дизелот во САД: Американците плаќаат по 85 денари за литар
    • „Чувај се од мене“: Откриен мотивот за нападот во училиште во Загреб – вака започнало сè, трагедијата ја спречи чистачката
    • Дневен хороскоп: Овните ги чекаат нови можности, Близнаците со порака од минатото
    • Димитриеска-Кочоска: Добро ни оди, растеме
    • Денеска ќе нема струја до 13 часот – ЕВН најави исклучувања
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Кисела Вода и Природонаучниот музеј потпишаа Меморандум за соработка за едукација на основците

    Општина Кисела Вода и Природонаучниот музеј потпишаа Меморандум за соработка за едукација на основците

    25.08.2026 во 11:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината, информираат денеска од општинската прес-служба.

    Со потпишаниот документ се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на учениците.

    Соработката предвидува организирање стручни водства низ постојаните музејски поставки, тематски работилници согласно интересот на училиштата, како и предавања, презентации и практична настава со стручни лица и експерти од различни области во училиштата.

    Од Општината посочуваат дека сите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата, со цел теоретското знаење стекнато во училниците да добие своја практична примена.

    • Овој Меморандум е важен чекор кон создавање современ и поквалитетен образовен процес кој овозможува учење преку директно искуство, истражување и практична работа. Ваквите партнерства во Општина Кисела Вода дава поддршка на проекти кои ги поттикнуваат младите да го истражуваат светот околу себе и да градат знаење како темел за нивната иднина – велат од Општина Кисела Вода.
    Прочитај повеќе

    Денеска ќе нема струја до 13 часот – ЕВН најави исклучувања

    11.09.2026 во 10:30

    Стефковски: Доделивме спортска опрема вредна 3 милиони денари на фудбалските клубови

    10.09.2026 во 21:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.