Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Мојот син е претепан од наставникот“ – Инцидент во основно училиште во Скопје
    • Мицкоски: Ако не правиме повеќе деца први сме на удар
    • „Ќерката ме претепа со тврд предмет и ми се закани“ – Скопјанец пријавил во полиција
    • МОН повлекува 33 учебници од прво до петто одделение
    • Добри вести: Вонредно намалување на цената на дизелот во Македонија
    • Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија
    • Николоски и Лукровски договорија нови проекти за Карпош: Општината добива поддршка од 11 милиони евра
    • Со метален предмет го нападнале сопственикот и една вработена во продажен објект – тројца стружани заработија кривична
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонец уапсен во Србија: Наместо казна за брзо возење, им понудил пари на полицајците

    Македонец уапсен во Србија: Наместо казна за брзо возење, им понудил пари на полицајците

    25.08.2026 во 10:271 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Четириесет и тригодишен македонски државјанин бил уапсен во Србија под сомнение за давање поткуп, откако сообраќајната полиција го запрела поради прекршоци на автопатот.

    Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека осомничениот З. А. (43) бил лишен од слобода во акција на Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против корупцијата, а по налог на Посебното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Краљево.

    Случајот се случил на автопатот во близина на Краљево, каде што полицајците го запреле автомобилот управуван од македонскиот државјанин.

    При контролата било утврдено дека тој ја надминал дозволената брзина и се движел по левата сообраќајна лента иако десната била слободна. Кога сообраќајците тргнале да му издадат прекршочен налог, осомничениот им понудил пари за да избегне санкција.

    Полицајците веднаш го пријавиле случајот, по што во постапката се вклучиле антикорупциските служби.

    На осомничениот му е одредено полициско задржување до 48 часа, по што со кривична пријава за давање поткуп ќе биде изведен пред надлежен обвинител во Краљево.

    Прочитај повеќе

    „Мојот син е претепан од наставникот“ – Инцидент во основно училиште во Скопје

    20.10.2026 во 14:16

    „Ќерката ме претепа со тврд предмет и ми се закани“ – Скопјанец пријавил во полиција

    20.10.2026 во 14:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.