Close Menu
Press24
    Најново

    Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси

    29.10.2026 во 19:27

    Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните

    29.10.2026 во 19:16

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина

    29.10.2026 во 19:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
    • Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
    • Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство
    • Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“ е во завршна фаза

    Герасимовски: Реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“ е во завршна фаза

    25.08.2026 во 12:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар е во завршна фаза со реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Коле Неделковски“, која до почетокот на новата учебна година ќе биде целосно обновена и подготвена за учениците.

    Во салата веќе се заменети светилките на плафонот, а старите фен-којлери се заменети со нови инвертер клима-уреди. Во тек се работите на електричната инсталација во гардеробите, стругањето и лакирањето на паркетот, замената на подот и вратите во гардеробите, како и молерско-фарбарските работи во целата сала и гардеробите.

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека се користат последните денови пред почетокот на учебната година за да се завршат сите предвидени активности.

    „Имаме уште една недела до почетокот на новата учебна година и работиме за сè да биде завршено навреме. Салата во „Коле Неделковски“ е во завршна фаза и до 1 септември учениците ќе добијат целосно обновен и функционален простор за спорт. Во изминатиот период ги реконструиравме и спортските сали во ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „11 Октомври“. Продолжуваме да вложуваме во нашите училишта и да создаваме подобри услови за секое дете“, изјави Герасимовски.

    Со реконструкцијата на спортските сали, Општина Центар продолжува со подобрување на условите во основните училишта и создавање побезбедна и поквалитетна средина за учење, спорт и развој на учениците.

    Прочитај повеќе

    Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини

    29.10.2026 во 16:56

    Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја

    29.10.2026 во 09:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.