- Трагедија: Млада Македонка загина во сообраќајка во Албанија – познат идентитетот
- Пеколни топлотни бранови ќе ја зафатат Македонија во текот на летото
- Перински: 40 општини со директна поддршка од Ресурсниот центар за подготовка на плански документи за локален економски развој
- Ужас ја потресе Македонија: Граѓани спасиле 3-месечно бебе од малтретирање, полицијата ги уапси мајката и уште едно лице
- 10.000 денари и бесплатно летување во Грција – една скопска општина ги награди првенците на генерација
- Пиромани го подметнале пожарот во Штип – се трага по две лица
- Разбиен шверцерски синџир со џиновски инсекти – Австралија заплени пратка со над 100.000 лебарки вредна 142.000 долари
- Ќе нема струја до 13 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски општини
Author: Author 04
Пет лица се лишени од слобода од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР, изречени се вкупно 27 мерки Во текот на вчерашниот ден (07.04.2026), во периодот од 11:00 до 17:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на подрачјето на општините Куманово, Илинден, Бутел и Кисела Вода, спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, со посебен акцент на контрола на учесници во сообраќајот кои управуваат мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролата изречени се три мерки на возачи на мотоцикли кои немаат соодветна категорија во возачката дозвола, 14…
Министерство за образование и наука (МОН) направи значаен исчекор во унапредување на образованието на ромската заедница, обезбедувајќи за прв пат учебник по изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ за 6-то одделение.Оваа новина доаѓа по спроведената постапка согласно објавеното известување на МОН, како и по измените во Законот за учебници во основното и средното образование („Службен весник на РСМ“, бр. 3 од 3.1.2025 година), со кои се интервенираше во членовите 10 и 15. Со овие измени се создадоа услови за проширување на наставните материјали и за повисоките одделенија.Во минатото, учениците од ромската заедница имаа на располагање учебници по овојпредмет само…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска се очекува официјално да ја објави одлуката со која на децата под 15 години ќе им се забрани пристапот до социјалните мрежи. Со овој радикален потег, Грција им се приклучува на европските земји кои објавија војна на штетното влијание на онлајн платформите врз младите. Како што пренесува „Ројтерс“, ваквата одлука доаѓа по алармантните извештаи за нарушување на менталното здравје кај малолетниците. „Зависноста, анксиозноста и изложеноста на несоодветни содржини се само дел од причините поради кои Атина се одлучи на ваков чекор. Безбедноста на децата е приоритет пред профитот на технолошките гиганти“, велат од грчката влада.
Владата на Мицкоски задоцни и не прзеде навреме мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Цените пораснаа, животот на граѓаните стана поскап а тоа го потврди и Државниот завод за статистика, велат од СДСМ. „Трошоците за живот во март се повисоки за 4,9%, а најголемиот ценовен притисок е кај храната и безалкохолните пијалоци со растат од 7,5%, земјоделските производи за 6,4%, што е директен удар врз стандардот и секојдневната трпеза на луѓето. Мицкоски ги остави граѓаните да преживуваат и за време на Велигденските празници. Наместо да преземе мерки во деновите кога граѓаните повеќе трошат и кога цените најсилно се чувствуваат,…
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од село Владевци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.04.2026 во село Владевци, при преземање на службени дејствија, полициски службеници од СВР Струмица забележале патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а со оглед на тоа што претходно била издадена судска наредба за претрес на неговиот дом, полициските службеници му пристапиле и во моментот на лишување од слобода тој фрлил три пакувања со марихуана, кои…
ОВЕН: Време е за конечна промена Денешниот ден ви нуди идеална шанса конечно да ја пресечете работата што долго време ја одложувате. Ѕвездите ви носат свежи идеи и нов агол за решавање на старите главоболки. Со Месечината во Јарец, подгответе се за сериозни работни задачи – фокусот денеска е исклучиво на вашите кариерни цели. БИК: Доаѓа посакуваната слобода Уран во вашиот знак е во одличен сојуз со Марс, што значи дека е време за голема одлука. Овој чекор не само што ќе ви донесе стабилност, туку и долгоочекувано чувство на слобода. Во наредните денови, заборавете на минатото и фокусирајте се…
Во рамки на официјалната посета на висока владина делегација на Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска потпиша Меморандум за разбирање со САД за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас.Потпишувањето се реализира во Вашингтон, како дел од стратешкиот дијалог со САД,клучна платформа за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Дијалогот ги опфаќа најважните области за развој – енергетика, економија, безбедност и технологија.Божиновска меморандумот го потпиша со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау. Заеднички став е дека постои јасен потенцијал за интензивирање на соработката, со фокус на проекти кои ќе донесат конкретни резултати…
Љубителите на природата кои планираа денешниот ден да го поминат на Водно, ќе мора да ги променат плановите. Од ЈСП Скопје известуваат дека Жичницата денеска (08.04.2026) е надвор од функција поради засилениот северен ветер кој дува во скопската котлина. Од претпријатието појаснуваат дека јачината на ветерот во моментов ги надминува сите дозволени безбедносни граници за непречено функционирање на објектот. „Безбедноста на патниците е на прво место. Жичницата нема да работи сè додека временските услови не се стабилизираат“, соопштуваат од ЈСП. Службите се на терен и ја следат состојбата, а штом ветерот стивне, превозот на патници кон Милениумскиот крст ќе продолжи.
Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), беше на спортскиот аеродром кај Штип, каде што се сретна со Раде Ивановски, сопственик на компанијата „Римин Еар“, пензиониран пилот на комерцијални летови и инструктор, при што разговараше за можности за основна обука на „ер трактори“. Ангелов истовремено се сретна со тројца можни кандидати за пилоти на „ер трактори“, коишто имаат над 300 авио-часови во спортско летање. Притоа, тој имаше извидувачки лет со еден од кандидатите за пилот на „ер трактор“, над штипскиот регион. Во овој моментов ДЗС има пет пилоти на „ер трактор“, еден авион е сервисиран и е…
СДС, Венко Филипче и Заев молчат и избегнуваат да одговорат за промената на ДУП во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Земал ли Заев 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра? Заев менувал детални урбанистички планови само за да удоволат на проруски бизнисмени како Дака. Дака бил спремен да му даде на Заев 4 милиони евра за парцелата во ШИК Јелак кој тој ја купува по багателна цена, да прерасне во бетонска џунгла од 2 илјади станбени единици. Овие 2 илјади станбени единици на Дака ќе му…
