Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Гостивар без безбедна вода, Скопје со западнонилска треска – Клековски и Мицкоски не можат да го заштитат здравјето на граѓаните

    СДСМ: Гостивар без безбедна вода, Скопје со западнонилска треска – Клековски и Мицкоски не можат да го заштитат здравјето на граѓаните

    18.08.2026 во 13:213 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската СДСМ на денешната прес-конференција упати жестоки критики до Владата, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски, обвинувајќи за неспособност и колапс на системот во справувањето со здравствените кризи во Гостивар и Скопје.

    Од партијата посочија дека додека граѓаните се соочуваат со епидемиолошки закани, надлежните не преземаат соодветни мерки.

    „Со Мицкоски, Клековски и ВМРО, здравјето на граѓаните е загрозено. На Клековски и Мицкоски им му се случија две здравствени кризи ама тие заминаа на одмор, на екскурзија. Наместо превенција, наместо итна реакција и решение, во двете кризи видовме целосен распад на системот и неспособност на Клековски и ВМРО“, наведуваат од СДСМ.

    Во однос на состојбата со водата за пиење во Гостивар, од опозициската партија истакнаа дека сè уште нема официјални документи за нејзината исправност.

    „Во Гостивар, граѓаните беа отруени, со недели без безбедна вода за пиење. 5.000 граѓани завршија во болница. По пет недели, и сега откако велат дека водата е безбедна, нема објавено ниту еден официјален документ кој ќе го потврди тоа. Резултатите од анализите на водата, кои не се објавуваат веќе пет недели, внесуваат несигурност и создаваат паника кај граѓаните. Ако сè е исправно, зошто резултатите досега не се објавени, кога испитувањата се прават секојдневно? Што се крие од граѓаните, додека министерот повикува на транспарентност? Сака да ги објави резултатите од 2017 година, а не сака да ги објави денешните. Тоа само покажува дека нешто не е во ред“, се вели во соопштението.

    Од СДСМ реагираат и на ширењето на вирусот на западнонилска треска во главниот град, наведувајќи дека има 35 потврдени случаи, три смртни исходи и шест лица во критична состојба на интензивна нега.

    „Од една криза во друга. Од една епидемиолошка закана во друга. Пак задоцнето, сега допрва мерки, сега допрва прскање. Тотален колапс и хаос. Клековски, како и неговиот шеф Мицкоски, ги оставија граѓаните и заминаа на екскурзија. Додека Клековски ја сведува борбата против западно-нилскиот вирусот на апели за пријавување мртви гаврани и празнење на базени, граѓаните секојдневно се изложени на ризик. Ова е уште еден доказ за целосниот распад на системот. Општините не спроведуваат навремено прскање против комарци. Центрите за јавно здравје немаат капацитет за системска ентомолошка контрола. Агенцијата за храна и ветеринарство реагира само декларативно, без масовни проверки на живината. Резултатот е трагичен: заболени граѓани, смртни случаи и пациенти во критична состојба. Наместо системска акција според протокол – има молк, неспособност и префрлање на одговорноста врз граѓаните“, додаваат од партијата.

    Со цел надминување на состојбите, опозициската партија излезе со листа на барања за итно постапување од страна на сите надлежни органи.

    „СДСМ бара итна и системска реакција: следење на популацијата на комарци на територијата на град Скопје, лабораториско тестирање на примероци за присуство на вирусот, масовна дезинсекција и уништување на жариштата – канали, бари и водни површини. Да се направи итна контрола на живината и дивите птици, пријавување и тестирање на мртви птици. И, најважно, итна институционална координација помеѓу Министерството за здравство, центрите за јавно здравје, општините и Агенцијата за храна и ветеринарство. Граѓаните не смеат да бидат единствениот ‘аларм’ за епидемијата. Владата треба да ги штити нив. Клековски не може да го обезбеди тоа и треба да понесе одговорност“, соопштија од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.