Close Menu
Press24
    Најново

    Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси

    29.10.2026 во 19:27

    Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните

    29.10.2026 во 19:16

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина

    29.10.2026 во 19:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
    • Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
    • Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство
    • Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Велковски потпиша договори за грантови за развој на социјални услуги во повеќе општини

    Велковски потпиша договори за грантови за развој на социјални услуги во повеќе општини

    17.08.2026 во 16:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори за грант доделени преку Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги.

    На потпишувањето присуствуваа градоначалници и претставници на граѓански организации – партнери во реализацијата на грантовите, преку кои во повеќе општини низ државата ќе се воспостават и унапредат социјални услуги, согласно потребите на локалното население.

    Со доделените грантови се поддржува развојот на достапни, квалитетни и одржливи социјални услуги во локалната заедница, приспособени на потребите на корисниците и насочени кон подобрување на нивниот квалитет на живот.

    Во рамки на грантовите ќе бидат воспоставени и развиени следните услуги:

    • Помош и нега во домот за стари и немоќни лица во општините Гази Баба, Петровец, Сарај и Валандово;
    • Дневни центри за стари лица, со фокус на активно и достоинствено стареење, во општините Пласница, Боговиње и Јегуновце;
    • Дневни центри за лица со попреченост, со индивидуализиран пристап и соодветна поддршка, во општините Прилеп и Кривогаштани.

    „Со потпишувањето на овие договори правиме конкретен чекор кон приближување на социјалните услуги до граѓаните. Нашата цел е поддршката да биде достапна таму каде што е најпотребна – во локалната заедница, во средината во која живеат корисниците. Истовремено, ја зајакнуваме улогата на општините и граѓанските организации како важни партнери во развојот и обезбедувањето на квалитетни социјални услуги“, истакна министерот Велковски.

    Потпишувањето на договорите претставува конкретен чекор во унапредувањето на системот на социјална заштита и продолжувањето на процесот на децентрализација на социјалните услуги, преку зајакнување на капацитетите и улогата на локалната самоуправа и граѓанскиот сектор.

    Особено значајно е што поддршката е насочена кон услуги кои се поблиску и подостапни до корисниците во нивните локални заедници, со што се создаваат услови за навремена, континуирана и соодветна поддршка за старите лица, лицата со попреченост и семејствата на кои им се потребни овие услуги.

    Преку Вториот проект за подобрување на социјалните услуги, Министерството за социјална политика, демографија и млади продолжува да ги поддржува локалните заедници во развојот на социјални услуги кои одговараат на реалните потреби на граѓаните и придонесуваат кон поинклузивен, подостапен и одржлив систем на социјална заштита.

    Прочитај повеќе

    Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

    29.10.2026 во 10:28

    Од понеделник нови броеви на банкарските сметки на сите граѓани – се што треба да знаете

    28.10.2026 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.