Author: Author 04

Дали Зоран Заев земал мито од 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП-от во Тетово?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во аудио снимката во која прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака разговара со посредникот на Заев, Зоран Милески Кичеец, Дака му вели на Кичеец дека ако се спроведе работата, тој ќе им даде 2 милиони, а друг ќе им даде уште 2 милиони евра. Во снимката која е достапна на социјалните мрежи се слуша дека Заев ќе заработи 4 милиони евра доколку се изгради бетонската џунгла во Тетово, која требала да биде со околу 2.000 станбени единици со проценета вредност од…

Повеќе

Во рамки на официјалната посета во Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари средба во белата куќа со Jarrod Agen, Заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД.Средбата се одвиваше во отворен и суштински дијалог, со јасно дефиниран фокус на стратешките приоритети и конкретните насоки за унапредување на соработката, при што од двете страни беше оценета како особено продуктивна и корисна.Jarrod Agen е висок функционер со значајна улога во креирањето и координацијата на енергетските политики на САД, со директен увид во стратешките приоритети и развојните процеси…

Повеќе

Власта го потврди она што го говори СДСМ за катастрофалната состојба на државната ЕСМ. Директорот на оваа компанија, Узунчев, призна дека ЕСМ ја заврши 2025 г. со загуба од 108 милиони евра и лани не е произведена струја согласно планираното.  Дополнително компанијата во моментов има вкупен долг од околу 200 милиони евра, велат од СДСМ. „Прашањето е кој ќе одговара за ова? ЕСМ работи со загуби и произведува помалку струја од планираната за да се увезува скапа струја од надвор преку неговата мрежа на фирми во енергетиката. Бизнис операција осмислена да се вклопи во бизнис мрежата на Мицкоски во која…

Повеќе

Дел од жителите на населбата Волково денеска ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија. Прекинот е планиран за периодот од 09:00 до 14:00 часот. Станува збор за корисниците лоцирани на улицата „95“ во Волково. „Како што соопшти Регионалниот центар за кризи на Град Скопје, прекинот со електрична енергија е поради зафати во електродистрибутивната мрежа“, се наведува во официјалното известување. По завршување на техничките интервенции, снабдувањето со струја ќе биде нормализирано.

Повеќе

Денеска, на Велики Вторник, православната црква се присетува на настаните кои се случиле во последните денови од земниот живот на Исус Христос. Ова е денот кога Спасителот во Ерусалим го одржал своето последно и најобилно поучување во храмот, пренесувајќи параболи кои се темел на христијанската мудрост. Христос на овој ден ги изговорил познатите параболи за десетте девојки, за талантите и за лошите лозари. Тој ги соочил книжниците и фарисеите со нивното лицемерие, одговарајќи на нивните лукави прашања за данокот на царот и за воскресението на мртвите. „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“, одговорил Христос на обидот да…

Повеќе

Во Вашингтон денеска ќе се одржи втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, настан кој се реализира по четиригодишна пауза. Високата владина делегација ја предводи министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Покрај него, на средбите учествуваат и министрите Панче Тошковски (МВР), Владо Мисајловски (Одбрана), Стефан Андоновски (Дигитална трансформација) и министерката за енергетика, Сања Божиновска. „Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на билатералната соработка и унапредување на партнерството со САД, со фокус на клучни области од заемен интерес, вклучително одбраната и безбедноста, сајбер-бебедноста и технолошката соработка, економијата, трговијата и енергетиката“, соопштија од МНРиНТ. Од…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во работна посета на Општина Аеродром, каде ќе го означи почетокот на големиот проект за обнова на локалната патна мрежа. Станува збор за реконструкција на вкупно 19 улици низ општината, со што се очекува значително подобрување на инфраструктурата во овој дел од градот. „Како што најави владината прес-служба, предвидено е на настанот премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите“, се наведува во соопштението. Оваа активност е дел од најавениот бран инфраструктурни инвестиции на централната власт во соработка со единиците на локалната самоуправа.

Повеќе

Македонските православни верници денеска го празнуваат Светото Благовештение, во народот познат како Благовец или Блошчојне. Овој голем христијански празник, кој секогаш се одбележува на 7 април, се смета за еден од најзначајните денови посветени на Пресвета Богородица. Празникот во народната традиција се третира како „тежок“ ден во кој не се работи, а поради неговата важност често се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Денешниот ден е посебен за сите кои ги носат имињата Благоја, Блаже, Благојка, Благица и нивните изведеници. Со Благовец се поврзани и специфични народни верувања кои се пренесуваат со векови: „Според народните верувања овој ден е благ, па…

Повеќе

Силно полициско присуство и специјални единици на терен се забележани рано утрово во неколку градови низ државата. Според неофицијални информации, Бирото за јавна безбедност при МВР, во координација со ОЈО за ГОКК, спроведува масовна акција насочена против организирана криминална мрежа. Операцијата се одвива на повеќе локации во Скопје, Штип, Струмица, како и во познатото скопско село Грчец. Како што пренесува порталот „Нетпрес“, на удар е криминална група поврзана со нелегална трговија со кокаин. Досега се извршени претреси на петнаесетина локации, а во рацете на полицијата наводно паднале и звучни имиња од подземјето. Меѓу приведените неофицијално се споменуваат лицата со презимиња…

Повеќе

Денеска низ Македонија се очекува сончево и невообичаено топло време за овој период од годината. Синоптичарите најавуваат максимални температури кои на места ќе достигнат до 26 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде слично, со минимална температура од 5 степени, додека во текот на денот максимумот ќе се искачи до 25 степени. Сепак, според најавите на УХМР, ова е последниот стабилен ден пред големата промена. „Од среда и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките…

Повеќе