Author: Author 04

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков. Сиљановска-Давкова изрази уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право. За амбасадорот Зиков, претставувањето на неговата земја на македонско тло е висока мисија. Тој изрази подготвеност од руска страна за отворена соработка и за воспоставување рамноправни и заемно корисни односи во име на просперитетот, благосостојбата и развојот. ,,Посакувам доаѓањето на големиот христијански празник – Велигден, да означи крај на војните и почеток на нова ера…

Повеќе

Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, едно лице кое претходно се понудило да и помогне на З.Е.(73) од Скопје да ја испрати до нејзиниот дом, со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта со пари, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Во Основниот кривичен суд денеска продолжи вкрстеното испрашување на српскиот медицински вештак Давор Радосављевиќ, кој го изработи клучниот наод за обвинителството во случајот „Онкологија“. На обвинителната клупа се поранешниот директор Нино Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, обвинети за несовесно лекување. Вештакот пред судот беше дециден: во документацијата за 16 анализирани пациенти забележал сериозни неправилности. Тој истакна дека кај повеќето од нив имало влошување на состојбата поради непочитување на редоследот на терапиите, а често недостигале основни медицински податоци како молекуларна патологија и систематски КТ-наоди. Додека одбраната тврди дека вештачењето е нецелосно и дека не се почитувале македонските упатства,…

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четворица возеле без возачка дозвола, од кои по еден во Берово, Гостивар, Битола и Скопје. По еден возач во гевгелиско и Делчево управувале возило со поголема брзина од дозволената, а еден возач во Неготино возел иако имал активна забрана за управување на патничко возило. Тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол и тоа во Куманово, валандовско и гевгелиско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да…

Повеќе

Вчера во 18:35 часот на бул. „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.И.(20) од Делчево. При контрола во патниот сообраќај на бул. „Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал А.И. и по преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото со брзина од 129 км на час на место каде дозволената брзина е 50 км на час.”

Повеќе

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека е реализирана рекордна исплата на финансиска поддршка наменета за македонското овчарство. Станува збор за сума од над 1 милијарда денари, која е веќе префрлена на сметките на одгледувачите низ државата. Конкретно, исплатени се 1.021.527.000 денари кон вкупно 2.139 сточари. Оваа поддршка се однесува на мерката за директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци, предвидена во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Од Министерството порачаа дека со оваа исплата се потврдува нивната посветеност кон развојот на оваа стратешка сточарска гранка и поддршката на домашното производство.

Повеќе

Основниот суд во Битола го прифати предлогот на Обвинителството и му одреди мерка притвор на 31-годишниот битолчанец, кој е под истрага за производство и дистрибуција на детска порнографија. Осомничениот, кој работел во образовна установа, беше приведен како дел од голема меѓународна операција предводена од Австралиската федерална полиција. Според доказите, тој во период од две години (од април 2024 до април 2026 година) на своите домашни компјутери набавувал и поседувал материјали со сексуална злоупотреба на деца. Неговиот идентитет бил откриен откако австралиските служби ги лоцирале ИП-адресите од Македонија кои пристапувале до спорните веб-страници. Во акцијата се вклучени Секторот за компјутерски криминал…

Повеќе

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, заедно со заменик министерката за транспорт и врски Калтрина Зеколи – Шаќири, денеска оствари работна посета на општина Долнени каде изврши увид во тековните проекти за подобрување на комуналната инфраструктура и заштита на животната средина. При посетата беше истакнато дека во тек е реконструкција и регулација на речното корито во Дереште, инвестиција вредна 11,8 милиони денари обезбедена преку „Унгарскиот кредит“, од кои Министерството директно учествува со речиси 5,8 милиони денари. Овој проект е од клучно значење за заштита на локалното население, со што се потврдува заложбата за рамномерен регионален развој и…

Повеќе

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година.За прв пат, процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб- страницата на Министерството, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните. Наместо досегашното доставување документи во хартиена форма и чекање пред архиви, апликантите ќе можат да го завршат целиот процес онлајн – брзо, едноставно и без непотребни административни бариери. Ова претставува конкретен чекор кон дигитализација и модернизација на јавните услуги, со јасна цел –…

Повеќе

Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје 30-годишна жена пријави дека во периодот од 08.06.2025 до 20.03.2026 нејзиниот поранешен сопруг Д.С. (34) физички ги малтретирал нивните две малолетни деца додека биле на видување кај него, информираа од полциијата во дневниот билтен.  Се работи на целосно расчистување на случајот, известија од МВР.

Повеќе