Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Акција на МВР: Уапсени 10 возачи, 9 немале положено
    • Тренчевска: Власта седи во удобни фотелји, се луксузира и не презема ништо
    • Мицевски до СДСМ: Зборуваме за истиот Вучиќ, оној Вучиќ со кој во Белград заедно со чаша вино пеевте српски песни
    • Тренчевска побара оставка од Стоилковиќ: Дали ќе им се извини на пратениците и граѓаните за навредите и пцуењето во Собранието
    • Мицкоски: Доделени се ваучери за инвертер клими за повеќе од 500 социјални семејства
    • (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари
    • Еболата се шири надвор од епицентарот во Конго: Бројот на жртви надмина 3.300
    • Познат генерал пронајден мртов: Застрелан во главата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Западнонилската треска зема уште една жртва: Почина 61-годишен пациент, шестмина се во критична состојба

    Западнонилската треска зема уште една жртва: Почина 61-годишен пациент, шестмина се во критична состојба

    17.08.2026 во 13:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Трет смртен случај од западнонилска треска е регистриран во саботата во земјава, извести утрово министерот за здравство Сашо Клековски.

    „Во саботата починатиот пациент имаше 61 година. Доаѓа од едно од афектираните места. Покрај вирусот пациентот имаше прекумерна тежнина“, рече министерот Клековски.

    Првиот починат со западнонилска треска имаше 83 години и други претходни заболувања, додека вториот смртен случај беше 72-годишен пациент со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис.

    На Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат 16 пациенти, од кои шестмина се во критична состојба, потврди директорот на Клиниката, Фадил Цана.

    „Овие шестмина кои се во критична состојба и се лекуваат во Одделот за интензивна нега, се на возраст над 60, но кај инфицирани пациенти со невроинвазивна форма, најмладиот пациент кој е хоспитализиран е 25-годишен. Тој е во стабилна здравствена состојба и е во Одделот за невроинфекција“, рече директорот Цана.

    Министерот Клековски соопшти дека во земјава моментално има вкупно 35 потврдени случаи на заразени со западнонилска треска и тројца сомнителни кои се во процес на дијагностицирање. Од хоспитализираните 16 лица, 15 се на Инфективната клиника, а едно лице се лекува во приватна болница. Досега се регистрирани и 15 излекувани пациенти кои се отпуштени од Инфективната клиника.

    Според Клековски, најголемо жариште на вирусот во Европа во моментов е Атина, но тој веќе се шири и во пограничните зони.

    „Во Грција има досега 81 случај со нервна инвазивна форма и 9 починати и веќе има и во пограничните зони со Македонија — во Центарална Македонија, регионот во Грција“, рече министерот Клековски.

    Тој додаде дека здравствените капацитети за препознавање и дијагностика на вирусот се максимално подигнати. Вирусот се потврдува со два независни теста, за што веќе се известени сите лекари кои би можеле да дојдат во контакт со заболени.

    Прочитај повеќе

    Акција на МВР: Уапсени 10 возачи, 9 немале положено

    11.09.2026 во 16:18

    Тренчевска: Власта седи во удобни фотелји, се луксузира и не презема ништо

    11.09.2026 во 15:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.