- Мицкоски: Парламентарни избори ќе има „многу скоро“
- Алиу: Македонија пристапува кон „EU4Health“, се отвора европска здравствена врата за нашите институции
- Општина Центар исплати над 1,3 милиони денари за новороденчиња од почетокот на годинава
- Цветановска: Нудиме неповратни грантови за сушари и загарантиран приход за сточарите
- Мицкоски најави големи промени: 30 отсто нови луѓе во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ
- Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Дебрца, ја оштетил општината за над 430 илјади денари
- Драма во Скопје: Со мотор намерно удрил во полицаец, па бегал со марихуана и над 100 таблети
- УХМР со најнова прогноза – во најава стабилизација на времето, познато и од кога
Author: Author 04
Цените на лебот и пецивата во 99% од државата остануваат стабилни и нема да се покачуваат во наредниот период. Ова е главниот заклучок од денешниот итен работен состанок во Министерството за економија, каде заменик-министерот Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, седнаа на маса со претставниците на трите најголеми стопански комори. Како општествено одговорна индустрија, мелничарите одлучија да го заштитат стандардот на граѓаните и да не ги менуваат ценовниците барем до крајот на овој месец. „Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола. Нашата одлука е цените да останат на исто ниво и во следниот…
Вчера во 19:10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Д.(31) од тетовско. -Полициските службеници постапиле по претходна пријава од неговата невенчана 36-годишна сопруга од Тетово, дека ѝ се заканувал и од неа барал да му купи стан и кола, во спротивно ќе ја убие, информираат од СВР Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Драматично сведочење на српскиот вештак Давор Радославевиќ денеска во Кривичниот суд во Скопје. Во вкрстеното испрашување од одбраната на првообвинетиот Нино Васев, вештакот децидно потврди дека на Клиниката за онкологија се правеле сериозни пропусти – пациентите биле неправилно лекувани, редоследот на терапиите не се почитувал, а со тоа директно им бил скратен животниот век. Радославевиќ нагласи дека се применувале методи кои во модерната медицина се надминати пред деценија и пол, без соодветни молекуларни наоди кои се стандард во Европа. „Зборуваме за клиничка пракса која е надмината пред 15 години. Примената на хемотерапија без позната мутација денеска е логистички проблем, а…
Нови и застрашувачки детали излегоа на виделина на денешното рочиште за случајот со мајката и ќерката од Тафталиџе. Александар Стојановски, брат на починатата, откри дека семејството забележало невообичаена комуникација од телефонот на Ивана, што кај нив разбудило сомнеж дека некој друг ги испраќал пораките во нејзино име, особено за време на оставинската постапка за имотот на нивниот татко. Братот тврди дека Ивана поседувала докази на својот телефон за криминалните активности на обвинетиот, но се плашела да ги предаде. Обвинетиот наводно барал пари и се заканувал дека ќе го запали имотот на мајката на Ивана. Од почетокот на 2025 година, Ивана…
Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за трагичниот настан во кој мајка и ќерка ги загубија животите по пад од балкон. Братот на починатата Ивана, Александар Стојановски, пред судот наслика морничава слика за бракот на неговата сестра, тврдејќи дека таа била жртва на континуирани уцени, физичко насилство и имотен грабеж од страна на обвинетиот сопруг Стојанче Јовановски. Според сведоштвото, Ивана живеела во паничен страв дека сопругот фалсификувал документи за да ѝ го преземе станот. „Ивана ни кажа дека Стојанче ѝ се заканувал дека ќе ѝ го земе станот и ѝ барал 30.000 евра за да си оди. Таа не се…
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува корисниците на јавниот превоз дека, почнувајќи од 04.04.2026 година, стапува во примена нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во градот. Со наведените измени се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз. Деталните информации за изменетиот возен ред, вклучително и статичниот возен ред по линии и возниот ред по постојки, со примена од 04.04.2026 година, ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на претпријатието: https://skopjebus.mk/mk/.
Денеска во ОВР – Кавадарци било пријавено дека на локален пат Кавадарци-село Ресава, кавадаречко, патничко возило „даеву ланос“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д., на возраст од 19 години од село Бегниште, кавадаречко, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница – Кавадарци, каде е задржан на лекување, информираа од СВР – Велес. Како што соопштија, по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.Д. го управувал возилото без положен возачки испит и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. – По насоки од…
Вчера околу 01:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа К.А.(27) затоа што агресивно се однесувал кон неговата 37-годишна сестра и ѝ упатувал закани. Истиот ден, околу 13:30 часот таа пријави дека на 31.03.2026 околу 22:30 часот била и физички нападната од нејзиниот брат, кој ѝ го оштетил и возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 31.03-01.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.А.(38), И.К.(25) и Е.Е.(34), сите од Скопје, како и Р.О.(22) од с.Огњанци, скопско, 17-годишник од с.Волково, скопско и А.Б.(46) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и семки од канабис. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на Конференцијата за отпочнување на процесот на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7). Настанот го означи почетокот на новиот циклус на ко-креација на националниот акциски план во рамки на глобалната иницијатива Партнерство за отворена власт, со цел зајакнување на транспарентноста, отчетноста и учеството на јавноста во процесите на креирање политики. Во своето обраќање, министерот Минчев истакна дека Партнерството за отворена власт претставува значаен механизам за унапредување на демократското управување и за градење доверба меѓу институциите и граѓаните. „Партнерството за отворена власт претставува важен инструмент за унапредување…
