Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер, на која беа потврдени одличната соработка и заедничката посветеност кон унапредување на владеењето на правото и европската интеграција на земјата.
Министерот Шасивари ја истакна целосната подготвеност на Министерството за правда за забрзано спроведување на реформите согласно препораките на Европската комисија и обврските поврзани со Кластер 1 – Фундаментални вредности.
„Франција е наш значаен партнер во процесот на европска интеграција. Остануваме целосно посветени на реформите во областа на владеењето на правото и на исполнувањето на европските стандарди“- порача министерот Шасивари.
Особено беше истакната француската поддршка преку експертскиот ангажман на Сесил Марони, која обезбедува стручна поддршка на Министерството за правда во процесот на европска интеграција.
На средбата беше разговарано и за соработката во областа на климатската и еколошката правда, во рамките на регионалниот проект „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence).
Континуираната експертска и институционална поддршка ќе придонесе кон создавање поефикасен и подостапен правосуден систем за граѓаните.
- Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
- Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
- Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
- Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
- Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
- Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
- Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
- Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме

