Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп го готви најголемото укинување на визи
    • Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 
    • Трамп: Го следиме „секој квадратен сантиметар“ од Ормутскиот Теснец
    • Топлотен бран во Грција: Во Атика и навечер над 30 степени
    • Почина ѕвездата Доли Партон, на 80-годишна воздраст
    • 410 првачиња од Ѓорче Петров ќе добијат бесплатно ранче и училишен прибор
    • Витаминот е Б12 клучен за мажи над 50 години
    • OnlyFans има само 47 вработени – лани направиле над 700 милиони долари профит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОЈО ГОКК донесе одлука: Нема кривично дело во набавката на 19-те модуларни болници

    ОЈО ГОКК донесе одлука: Нема кривично дело во набавката на 19-те модуларни болници

    20.08.2026 во 13:533 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници.

    Предметот беше оформен на 10 септември 2021 година по иницијатива на ОЈО ГОКК, со цел да се провери документацијата поврзана со набавката и да се утврди дали при нејзиното спроведување постојат елементи на кривично дело.

    Во постапката беше прибрана документација од Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии – Бирото за јавни набавки, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Владата, ОЈО Тетово и други институции. Анализирани беа постапките за јавни набавки, техничките спецификации, договорите, проектната документација и релевантната законска регулатива.

    Од прибраните податоци произлегува дека во периодот од април до јуни 2020 година биле спроведени три постапки за обезбедување дополнителни капацитети на здравствениот систем за справување со пандемијата од Ковид-19. Набавките се однесувале на монтажни контејнери кај Клиниката за инфективни болести во Скопје, немедицинска опрема за Регионалниот ковид-центар и формирање монтажно-модуларен амбулантско-поликлинички оддел за потребите на Клиниката за пулмологија и алергологија.

    Предмет на анализа беше и постапката за набавка на модуларни монтажни контејнери во рамките на Проектот за итно справување со Ковид-19, финансиран со заем од Светска банка. Постапката била спроведена согласно правилата на меѓународната финансиска институција, со барање понуди преку меѓународен пазар. Бирото за јавни набавки потврдило дека во ваков случај не се применуваат одредбите од Законот за јавните набавки, согласно законскиот исклучок за набавки спроведени според правила на меѓународна организација.

    Беше анализирана и регулативата од областа на градењето. Јавниот повик бил објавен на 13 октомври 2020 година, а договорот бил склучен на 30 ноември 2020 година. Во меѓувреме, со измените на Законот за градење објавени на 24 ноември 2020 година, модуларните градби наменети за вршење здравствена дејност биле опфатени во категоријата градби за кои не е потребно одобрение за градење.
    Од прибраната документација произлегува дека дел од јавните здравствени установи имале решенија од Министерството за здравство за поставување на модуларните градби, како и соодветна проектна документација.

    Обвинителството ја анализираше и документацијата за активностите на Светска банка по пожарот во модуларната болница во Тетово. Во октомври 2021 година биле посетени објектите во Гостивар, Струга, Прилеп, Велес и Штип, при што била проверувана усогласеноста со проектните стандарди, безбедноста и противпожарната заштита.
    Според документацијата, тимот на Светска банка потврдил дека постапката за набавка била во согласност со важечките правила на банката и дека испорачаната стока одговарала на техничките спецификации.

    Од анализата на целокупната документација и извршените проверки, Обвинителството не утврди факти од кои би произлегло дека во постапките за набавка службено лице ја искористило или пречекорило службената положба или овластување, односно не ја извршило службената должност, со цел да прибави значителна имотна корист или да нанесе значителна штета.

    Согласно важечката законска рамка, утврдените факти не ги исполнуваат законските обележја на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Оттука, надлежниот јавен обвинител оцени дека нема основи на сомнение дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност, поради што нема место за натамошно јавнообвинителско постапување по предметот.

    Прочитај повеќе

    Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 

    25.08.2026 во 21:30

    410 првачиња од Ѓорче Петров ќе добијат бесплатно ранче и училишен прибор

    25.08.2026 во 20:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.