Author: Author 04

По повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, во Собранието денеска се одржа настанот „Од невидливост кон еднаквост“, каде собранискиот спикер Африм Гаши упати силни пораки за итна институционална акција. Гаши призна дека иако законите се напреднати, реалноста за ромската заедница сè уште е исполнета со препреки и дискриминација. „Невидливоста не значи отсуство на права, туку отсуство на правда. Ромите се неразделен дел од ова општество и институциите мора да ги отворат вратите за нивна вистинска застапеност. Општество што остава некого зад себе, и самото заостанува“, дециден е Гаши. Тој вети дека иако во овој парламентарен состав нема пратеник Ром,…

Повеќе

Во Кривичниот суд денеска беа објавени аудиоснимки од бројот 112 кои ги откриваат последните часови од животот на Ивана Јовановска. Снимките покажуваат драматична борба со времето и институционални лавиринти, каде жртвата очајно барала полициска заштита пред да биде убиена. Во клучниот повик, Ивана директно го пријавува сопругот Стојанче дека чува дрога во нејзиниот стан и дека ја држи заклучена вратата. „Сакам да пријавам дека сопругот чува дрога во мојот стан“, вели Ивана, додека во позадина се слуша како му се заканува на сопругот со зборовите: „Ќе отвориш или да те пријавам?“. Шокантно е што при првиот повик, операторот наместо полиција,…

Повеќе

По долги години административни лавиринти и чекање, денеска и официјално е соопштено: започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала во Скопје. Министерството за култура и туризам информираше дека Државната комисија за жалби ја одбила последната жалба, со што и дефинитивно е потврден изведувачот. Градежните работи ќе се изведуваат по принципот „клуч на рака“, а амбициозниот план предвидува салата да биде целосно завршена до декември 2027 година. Ова е клучен дел од подготовките на метрополата за престижната титула „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. „Скопје конечно ќе добие модерна и репрезентативна културна институција која ќе биде домаќин на врвни концерти…

Повеќе

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска упати драматичен апел, нагласувајќи дека двонеделниот прекин на огнот меѓу Вашингтон и Техеран не смее да застане таму. Пред состанокот на Советот за одбрана, Макрон порача дека израелските напади врз Либан мора веднаш да престанат. „Ситуацијата во Либан е критична. Она што го гледаме – израелските напади и окупацијата на јужен Либан – не е вистинскиот одговор на кризата“, изјави Макрон, кој е еден од најголемите сојузници на Бејрут. Додека Макрон инсистира на преговори, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веќе ги „потопи“ надежите за брзо смирување на овој фронт, изјавувајќи дека примирјето со Иран „не го…

Повеќе

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја потресе Романија. Според податоците на Геофизичкиот институт при Бугарската академија на науките, потресот е регистриран околу 05:30 часот. Епицентарот на земјотресот бил лоциран во округот Ковасна, во централниот дел на земјата. Станува збор за длабок потрес со хипоцентар на околу 140 километри под површината на земјата, што е карактеристично за овој сеизмички активен регион. Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени граѓани.

Повеќе

Глобалните пазари на енергенси утрово доживеаја вистинско олеснување по најавата од Иран дека клучниот воден пат, Ормутскиот Теснец, повторно ќе биде слободен за сообраќај. Како што пренесува „Скај Њуз“, цената на нафтата од типот Брент веднаш потона за повеќе од 13,5 проценти, спуштајќи се на ниво од околу 94 долари за барел. Ова е прв значаен пад по неделите на постојан раст и неизвесност кои го тресеа светот. Сепак, економските експерти предупредуваат дека иако ова е позитивен сигнал, цената е сè уште далеку над нивото од 72 долари, колку што изнесуваше пред почетокот на конфликтот на 28-ми февруари.

Повеќе

Пет лица се лишени од слобода од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР, изречени се вкупно 27 мерки Во текот на вчерашниот ден (07.04.2026), во периодот од 11:00 до 17:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на подрачјето на општините Куманово, Илинден, Бутел и Кисела Вода, спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, со посебен акцент на контрола на учесници во сообраќајот кои управуваат мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролата изречени се три мерки на возачи на мотоцикли кои немаат соодветна категорија во возачката дозвола, 14…

Повеќе

Министерство за образование и наука (МОН) направи значаен исчекор во унапредување на образованието на ромската заедница, обезбедувајќи за прв пат учебник по изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ за 6-то одделение.Оваа новина доаѓа по спроведената постапка согласно објавеното известување на МОН, како и по измените во Законот за учебници во основното и средното образование („Службен весник на РСМ“, бр. 3 од 3.1.2025 година), со кои се интервенираше во членовите 10 и 15. Со овие измени се создадоа услови за проширување на наставните материјали и за повисоките одделенија.Во минатото, учениците од ромската заедница имаа на располагање учебници по овојпредмет само…

Повеќе

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска се очекува официјално да ја објави одлуката со која на децата под 15 години ќе им се забрани пристапот до социјалните мрежи. Со овој радикален потег, Грција им се приклучува на европските земји кои објавија војна на штетното влијание на онлајн платформите врз младите. Како што пренесува „Ројтерс“, ваквата одлука доаѓа по алармантните извештаи за нарушување на менталното здравје кај малолетниците. „Зависноста, анксиозноста и изложеноста на несоодветни содржини се само дел од причините поради кои Атина се одлучи на ваков чекор. Безбедноста на децата е приоритет пред профитот на технолошките гиганти“, велат од грчката влада.

Повеќе

Владата на Мицкоски задоцни и не прзеде навреме мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Цените пораснаа, животот на граѓаните стана поскап а тоа го потврди и Државниот завод за статистика, велат од СДСМ. „Трошоците за живот во март се повисоки за 4,9%, а најголемиот ценовен притисок е кај храната и безалкохолните пијалоци со растат од 7,5%, земјоделските производи за 6,4%, што е директен удар врз стандардот и секојдневната трпеза на луѓето.  Мицкоски ги остави граѓаните да преживуваат и за време на Велигденските празници. Наместо да преземе мерки во деновите кога граѓаните повеќе трошат и кога цените најсилно се чувствуваат,…

Повеќе