Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Затвор за двајцата жители на Корешница кои киднапираа и тепаа момче во Неготино
    • ДЗС: Невработеноста падна на 11,3 проценти, се зголеми бројот на вработени
    • МВР приведе 12 возачи: Возеле без дозвола, под алкохол и под забрана
    • Петрушевски: Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција, дата-центрите се инфраструктура на иднината
    • Отворен Центар за дневен престој на стари лица во Гевгелија
    • (ФОТО)Дарио Панковски алармира за сајбер измама: Непознати лица бараат пари за концерт во негово име
    • Кога градите автопат вие градите иднина – да оставиме дела зад себе
    • Уште неколку дена за пријавување: Жени, направете го првиот чекор кон економска независност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски одговори на СДС за комарците: Јавното здравје не се штити со политичка хистерија и паника

    Ѓорѓиевски одговори на СДС за комарците: Јавното здравје не се штити со политичка хистерија и паника

    19.08.2026 во 15:423 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на ГрадСкопје Орце Ѓорѓиевски, реагираше на обвинувањата од опозициската СДСМ во врска со третманите против комарци и појавата на западно-нилска треска.

    Ѓорѓиевски посочува дека по темата со скопската вода, опозицијата повторно се обидува една сериозна здравствена тема да ја претвори во дневнополитичка пресметка и да создаде непотребен страв кај граѓаните.

    „Вообичаено не реагирам на секоја прес-конференција на опозицијата. Но очигледно дека новата хистерија на СДС, по таа со скопската вода, е оваа за комарците. Без проблем, јас и за ова сум спремен да дебатирам“, изјави Ѓорѓиевски.

    Тој потенцира дека западно-нилската треска не е нов вирус и циркулира во повеќе европски земји, како и во непосредното соседство, поради што на граѓаните им се должат информации и превенција, а не политичка хистерија. Во однос на префрлањето на вината за тоа кој и кога прскал, тој направи споредба со периодот кога со Градот раководеше СДСМ.

    „Во 2018 година, кога со Град Скопје раководеше тогашната власт на СДС, првата терестрична дезинсекција против комарци започнала дури на 3 јули и траела до 7 јули, додека првото авионско прскање било организирано на 7 и 8 јули. Практично, првите сериозни активности започнале длабоко во летната сезона. Во 2026 година, пак, активностите започнаа уште на 7 мај“, истакна тој.

    Според објавената хронологија, оваа година се спроведени бројни авионски и теренски дезинсекции против ларви и комарци во мај, јуни, јули и август (на 7 мај, 1 и 2 јуни, 11 јуни, 18 и 20 јуни, 26 јуни, 27 и 28 јуни, 10 јули, 13 и 15 јули, 23 јули, 30 и 31 јули, 4 и 6 август, 11 август и 18 август), а закажани се и нови третмани за четврток, петок и во деновите од недела до среда.

    „Сите активности се спроведуваат согласно годишната програма, законските обврски и елаборатот на Центарот за јавно здравје – Скопје, како и препораките од Министерството за здравство и европската регулатива. Тоа се фактите. Јавното здравје не се штити со прес-конференции. Не се штити со создавање страв. Не се штити со политички сензации. Се штити со системска работа, континуирана превенција, стручни препораки и навремени активности на терен“, порача Ѓорѓиевски.

    Тој упати апел за одговорност до политичките субјекти и нагласи дека третманите ќе продолжат според утврдената динамика.

    „Затоа, наместо натпревар во тоа кој ќе произведе поголема паника, очекувам од сите политички субјекти минимум одговорност кога зборуваат за здравјето на луѓето. И навистина ме зачудува недостатокот на образ кај луѓе кои под неразјаснети околности се нашле во политиката. Град Скопје ќе продолжи со третманите согласно стручните препораки и утврдената динамика, а јавноста ќе биде навремено информирана за секоја наредна активност. А СДС, најверојатно ќе продолжи од секоја трагедија да се обидува да собере ситни поени бидејќи на друг начин не можат да бидат актуелни. Здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени. А за Филипче воопшто да не се грижите, јахтата на Заев најверојатно е побрза од комарците и тој е безбеден“, заклучи тој.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција, дата-центрите се инфраструктура на иднината

    26.08.2026 во 15:23

    Филипче: ВМРО и ДУИ договориле блокада на Собранието 

    26.08.2026 во 14:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.