Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: СДСМ ја дели локалната власт и одговорноста за Гостивар, а Владата го реши проблемот

    Лефков: СДСМ ја дели локалната власт и одговорноста за Гостивар, а Владата го реши проблемот

    19.08.2026 во 12:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ веќе еден месец бега од политичката одговорност за состојбата во Гостивар, иако заедно со Валбон Лимани ја дели локалната власт во оваа општина, обвини на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од владејачката партија посочуваат дека опозицијата наместо да побара одговорност, го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем со водата.

    Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар. СДС не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт – изјави Лефков.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, кризата во Гостивар била надмината благодарение на директната интервенција на централната власт.

    Поради неспособноста на СДС, ДУИ и Партијата на Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зема работите под своја контрола и овој проблем се реши – рече Лефков.

    Тој додаде дека институциите биле на терен од самиот почеток и презеле сите соодветни чекори за да им помогнат на жителите.

    Додека СДС беше зафатена со ширење хистерија и броење чешми низ државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од прв момент беше со граѓаните на Гостивар и ги презема сите мерки за надминување на кризата, а жителите секој ден бесплатно ги снабдуваше со вода – истакна пратеникот.

    Од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека надлежните органи го истражуваат случајот, а водата во Гостивар е повторно безбедна за пиење.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.