Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на „Ќемал Сејфула“, Општина Чаир и Обвинителството да реагираат

    ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на „Ќемал Сејфула“, Општина Чаир и Обвинителството да реагираат

    18.08.2026 во 10:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повторно се изведуваат градежни работи на објектот на улицата „Ќемал Сејфула“, кој минатата година беше јавно пријавен како дивоградба на државно земјиште, се наведуваа во соопштението на ДУИ.

    „Во мај 2025 година, поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и јавно објави дека објектот се гради без проект и без одобрение за градба, на само еден метар од постојната станбена зграда, непосредно пред прозорците и балконите на станарите.

    По јавната пријава, Обвинителството отвори истражна постапка против инвеститорот. Според тогашното соопштение на Обвинителството, станува збор за шесткатен станбено-деловен објект, започнат без одобрение за градба и на државно земјиште. Беше предложена и забрана за изведување градежни работи.

    Работите запреа. Една година подоцна, работниците и градежната механизација повторно се на терен.

    Соседните семејства повторно се соочуваат со објект кој им ги затвора прозорците и балконите, додека од Општина Чаир нема ниту објаснување, ниту инспекциски записник, ниту јавно решение за запирање на работите.

    Бараме Општина Чаир веднаш да испрати инспектори на терен и јавно да соопшти:

    врз основа на која документација се продолжени работите; дали постои важечко одобрение за градба; што презел општинскиот инспекторат; дали сè уште важи забраната за градежни работи предложена во рамки на истражната постапка.

    Бараме и Обвинителството да ја информира јавноста до каде е истрагата и како е овозможено продолжување на работите на објект кој самото Обвинителство го третираше како дивоградба на државно земјиште.

    Секој ден молк му дава на инвеститорот уште еден кат, а на станарите им одзема уште повеќе светлина, простор и безбедност“, стои во соопштението од ДУИ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.