Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”

    29.10.2026 во 08:55

    Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите

    29.10.2026 во 08:51

    Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден

    29.10.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”
    • Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите
    • Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден
    • Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
    • Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Драма на Халкидики: Околу 500 луѓе евакуирани по морски пат од Сивири, огнот зафати домови и возила

    Драма на Халкидики: Околу 500 луѓе евакуирани по морски пат од Сивири, огнот зафати домови и возила

    14.08.2026 во 10:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Состојбата со пожарот на Халкидики синоќа беше делумно подобрена, а 481 лице беа евакуирани по морски пат, информираше директорот за стратешко планирање и комуникации во Противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис.

    Огнената стихија зад себе остави изгорена шумска површина, а зафати домови и возила, при што полесно беа повредени двајца пожарникари.

    На терен интервенираа 227 пожарникари со 13 пешадиски тима и 57 возила, вклучувајќи и екипи од Молдавија преку Европскиот механизам за цивилна заштита, додека до заоѓањето на сонцето од воздух дејствуваа девет авиони и седум хеликоптери.

    Преку организирана акција со патролни бродови, рибарски чамци и траект, од плажата во Сивири 285 лица беа пренесени во марината во Сани, додека 196 лица со траектот „Спидранер“ беа префрлени во Солун.

    Сивири е целосно евакуирано, сообраќајот во регионот е во прекин, а враќањето на жителите и туристите сè уште не е дозволено.

    Преку бројот 112 беа испратени четири пораки за предупредување, од кои три за итна евакуација на Сивири и Фурка.

    За погодените лица е активирана специјална платформа од Министерството за туризам за привремено сместување: https://emergencyhotels.civilprotection.gr/Application/NewAppl?evId=e23298e4-7178-4666-891b-20066ab5416a

    Во регионот се распоредени шест амбулантни возила и медицински тимови, додека македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја следи состојбата преку Конзулатот во Солун.

    „За дополнителни информации и итна помош, на располагање се дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001“ – наведоа од МНРиНТ.

    Од Министерството апелираат до македонските државјани во засегнатите подрачја да ги почитуваат насоките на локалните власти.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.