Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Целта на Владата е јасна, во Македонија да има повеќе успешни компании и повеќе добро платени работни места

    ВМРО-ДПМНЕ: Целта на Владата е јасна, во Македонија да има повеќе успешни компании и повеќе добро платени работни места

    17.08.2026 во 09:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политики кои создаваат услови за нови инвестиции, развој на производството и отворање добро платени работни места. Резултатите од економските политики веќе се видливи преку новите фабрики кои започнуваат со работа, но и преку компаниите кои веќе се присутни во земјава и ги прошируваат своите производствени капацитети, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Фабриката „Брејнчајлд“ произведува опрема за спортови на вода и ветер започна со работа во Битола, обезбедува околу 230 работни места и претставува инвестиција вредна околу 11 милиони евра.

    Во ТИРЗ Штип започна со работа и „Магна Мехатроникс“, инвестиција од околу 40 милиони евра. По достигнувањето на полниот производствен капацитет, компанијата се очекува да обезбеди над 600 работни места, што претставува дополнителна потврда дека Македонија привлекува технолошки напредни инвестиции со висока додадена вредност.

    Паралелно со новите инвестиции, значително растат и компаниите кои веќе работат во Македонија.

    КОСТАЛ Македонија од почетните приходи од околу 80 милиони евра стигна до рекордни, очекувани за 2026 година, 280 милиони евра, минатата година реализираше дополнителни 200 вработувања и денес има повеќе од 1.340 вработени.

    Растот продолжува и кај „Амфенол“, која веќе има околу 3.200 вработени, а планира дополнителни 500 нови вработувања во две фази, по што бројот на вработени би достигнал околу 3.700.

    Дополнителен инвестициски циклус најавува и „Гемтерм“, глобален лидер во автомобилската индустрија. По постоечката инвестиција во Прилеп, компанијата планира ново вложување од повеќе од 30 милиони евра и до 300 нови работни места.

    Додека пак, во 2024 година Македонија оствари историски рекордно ниво на странски директни инвестиции од милијарда и 255 милиони евра.

    Истовремено Владата продолжува да го поддржува и домашниот бизнис, така што за нови инвестиции, проширување на производството и отворање работни места стави на располагање повеќе од 250 милиони евра преку кредитната линија со унгарската Експорт банка.

    Овие инвестиции се конкретен показател дека Македонија станува сè поатрактивна за инвеститорите, но и дека компаниите кои веќе работат во земјава имаат доверба во економскиот амбиент и се одлучуваат да ги зголемат своите капацитети.

    Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна, во Македонија да има повеќе успешни компании, повеќе инвестиции, повеќе добро платени работни места, поголем извоз и повисок животен стандард за граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34

    ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

    11.09.2026 во 19:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.