Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат кон ХЕЦ Козјак, во атар на с.Варвара, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Џ.(19) од с.Црн Врв, скопско, патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(31) од с.Батинци, скопско, товарно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(63) од с.Малчиште, скопско и патничко возило „форд” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(47) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р.(18) од с.Батинци, сопатник во возилото „голф“, а со телесни повреди се здобиле четворицата возачи, како и Б.О.(30) од с.Палиград, скопско и С.Л. од Скопје, сопатници во возилата „голф“ и „форд“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и ЈЗУ „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.
- Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
- Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
- Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
- Канада воведува нови царини за американските производи
- Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
- Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
- Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
- Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо

