Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски туку за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари
    • Голем пожар во Скопје: Изгореа неколку дуќани
    • Трагедија: 46-годишен кумановец загина во тешка сообраќајна несреќа
    • ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на Врховниот суд покажуваат дека партиските инсталации во судството се сè уште активни
    • Избувнаа 31 пожари – Се уште гори во Македонски Брод и Чучер-Сандево
    • Денеска е Отсекување на главата на Св. Јован Крстител – Ден на строг пост
    • Времето денеска сончево и топло до 35 степени, од утре пресврт
    • Фронтекс регистрира голем пад на илегалните влезови во ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гори во Илинден, Студеничани, Битола, Македонски Брод и Желино – пожарникарите со полни раце работа

    Гори во Илинден, Студеничани, Битола, Македонски Брод и Желино – пожарникарите со полни раце работа

    12.08.2026 во 13:521 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно девет пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот, при што пет се сè уште активни, три се ставени под контрола, а еден е целосно изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Активните жаришта се лоцирани во пет општини. Во Македонски Брод, кај местото Видуш во близина на селото Драгов Дол, гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Пожар е активен и во општина Студеничани, над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што е зафатена мешана шума.

    Сува трева и ниска вегетација гори во населбата Илинден, како и кај селото Букри во Битола. Во општина Желино, во близина на селото Чифлик, со огнот се опфатени ниска вегетација и мешана шума.

    Од ЦУК информираат дека под контрола се ставени пожарите кај градската депонија во Делчево, кај Ново Село на планината Огражден, како и кај селото Зајас во Кичево, каде што беа зафатени стрниште, борова шума и гуми.

    Целосно е ликвидиран пожарот во селото Врањовце, општина Врапчиште, каде што гореше ниска вегетација.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски туку за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари

    11.09.2026 во 09:35

    Голем пожар во Скопје: Изгореа неколку дуќани

    11.09.2026 во 09:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.